Post Views: 2
Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план. Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани во регистерот на станоиздавачи од мал обем во Општина Охрид по завршувањето на двата периоди од јануари до јули и од јули до декември можат да аплицираат за субвенционирање на 50% од туристичката такса која ја уплатиле во претходните шест месеци.
Сметам дека како идеја е добра . Ние веќе во изминативе три шестмесечија имаме исплатено околу 7000 евра. Тоа можеби не е некоја голема...
Post Views: 3
Снегот го заобиколи Охрид. Барем засега во градот не се очекуваат врнежи од снег, велат од Управата за хидрометереолошки работи. Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од дожд, а само на околните планини ќе врне снег. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР. Облачно и врнежливо време ќе имаме и во наредните денови. Минималната температура ќе се движи помеѓу -2 до 6, а дневната од 3 до 12 степени. Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени доколку е...
Post Views: 2
Египетската војска соопшти дека извела воздушни напади на цели на Исламската држава во Либија рано утрово, ден по егзекуцијата на 21 Египќанец.
Цел на нападите биле камповите на Исламската држава, местата за обука и складиштата за оружје. Војската во соопштението вели дека нападот е “освета за крвопролевањето и одмазда за убијците”. Соопштенето додава дека авионите кои учествувале во операцијата се вратиле безбедно.
Египетскиот претседател Abdel Fatah al-Sisi, нешто порано, изјави дека Египет има “право да одговори” на акциите на Исламската држава.
Џихадистичката група,...
Post Views: 9
Полека, но сигурно се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух. Во охридското здружение на глуви и наглуви лица има околу 150 членови од кои неколку се малолетни лица. Двајца од нив се во основно образование, двајца се средношколци едн апсолвент,а има и едно 4 годишно дете кое оди на подготвителна настава во училиштето во Битола за деца со оштетен слух. Според сегашните законски решенија родителите се тие кои одлучуваат каде ќе се школуваат нивните деца, дали ќе посетуваат некое специјализирано училиште или пак ќе следат настава во училиштата...
Post Views: 1
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.У. (29) од Краљево, Република Србија.
Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и М.П.(26 ) и Ѓ.П.(25 ) исто така од Краљево,
Република Србија. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Post Views: 8
ЈП Службен весник на Република Македонија денеска ќе ја презентира новата електронска објава за неважечки документи на свидетелства, индекси, уверенија, дипломи и легитимации.
Во проектот „Интеграција со надворешните системи“, Службен весник досега овозможи електронска објава за неважечките документи поврзани со Министерството за внатрешни работи, лична карта, пасош, возачка и сообраќајна дозвола. Воедно ја реализира и т.н. виртуелна комуникација со нотарите и извршителите.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Сочувство до семејството на 26 годишниот охриѓанец Димитар Матиловски кој на новогодишната ноќ беше претепан до смрт од српски туристи, изрази првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Јавно изразувам сочуство со болката и тагата на семејството за прерано починатото момче се работи за млад човечки живот на 26 годишна возраст и загубата на семејството е огромна, неизмерна“ – изјави Бакрачески.
Димитар бил студент на ФОН, на чекор до дипломирање. Неговите другари, соседи, пријатели, кажуваат дека во Охрид бил познат како мирно и повлечено момче. Никогаш не бил...
Post Views: 0
Зли јазици. Така градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, ги нарече најновите гласини во врска преговорите на централно ниво, за негово преминување во ВМРО НП. Илиевски во изјава за ТВМ кажа дека интересно било да се слушнат гласините од ваков карактер, кои според него биле далеку од вистината. Но Илиевски сепак знаел од каде дува ветерот.
„Ги демантирам сите гласини за мое преминување во ВМРО – НП. Шпекулациите не се од оваа партија туку доаѓаат од кујната на екс градоначалникот на Вевчани, бидејќи и објавата во пишаните медиуми е во негов стил“
Илиевски рече дека...
Post Views: 2
Гическа Марија од Ресен го роди првото бебе во Охрид во Новата 2016 год. Бебето е машко и тежи 3 кгр 550, а долго е 52 см. Мајката се чуствува одлично, бидејќи поминало се како што треба. Таа изрази голема благодарност до целиот медицински тим на гинеколошкото одделение при општа болница Охрид, за како што изјави, големата професионалност и добрите услови кои ги нуди ова одделение. За неа ова е прва рожба.
„Прво и многу лесно се породив задоволна сум од целиот тим“
Дежурната докторка Охридија Филева, рече дека се чуствува задоволство кај персоналот за гестот кој го...
Post Views: 11
Вчера во Земун се случиле сцени како од акционен филм, откако полицијата тргнала во потера по возило „БМВ“ кое беснеело по улиците.
„Новости“ пишува дека од автомобилот било пукано во интервентна полициска патрола. Пукањето и бркотницата се случиле околу 16 часот. Имено, полицијата тргнала во потера по БМВ чиј возач не ги послушал наредбите да застане.
Тој бегал кон населбата Плави Хоризонти, а како што дознава Блиц.рс испукал речиси 20 куршуми во правец на полицијата.
Припадниците на српското МВР во Белград го уапсиле Драган Ј.(26), кој при обид да избега од полициајта,...
Post Views: 1
05.01.2016 СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ – (ВТОРНИК)
– СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ СО ПОЧЕТОК ВО 8.45ч.
06.01.2016 – БАДНИК – КОЛЕДЕ – (СРЕДА)
– СВЕТА ВАСИЛИЕВА ЛИТУРГИЈА ВО СИТЕ ОХРИДСКИ ЦРКВИ СО ПОЧЕТОК ВО 8.30ч.
07.01.2016 – РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК – (ЧЕТВРТОК)
– СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА ВО ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ – ОХРИД СО ПОЧЕТОК ВО 8.45ч.– СВЕТА ЗЛАТОУСТОВА ЛИТУРГИЈА ВО СИТЕ ПАРОХИСКИ ЦРКВИ ВО ОХРИД, СО ПОЧЕТОК ВО 8.30ч.– ВО ПЛАОШКИОТ...
Post Views: 10
Во сабота 17.07.2021 година, Општина Охрид ќе врши градежни активности (завршен слој асфалт) на ул. „Абас Емин“ – потег од пресек на улицата „Абас Емин“ со Булевар „Туристичка“ до пресек на ул. „Абас Емин“ со ул. „Охридска Бригада“.
Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај поради непречено одвивање на градежните активности кои ќе ги изведува АД „Илинден “– Струга .
Се молат сите учесници во сообраќајот да се избегнува овој дел за сообраќај додека траат градежните активности и да се отстранат паркираните возила.