Освета за своите убиени државјани

Египет ги нападна позициите на Исламската држава

 |  инфодеск  | 

Египетската војска соопшти дека извела воздушни напади на цели на Исламската држава во Либија рано утрово, ден по егзекуцијата на 21 Египќанец.

Цел на нападите биле камповите на Исламската држава, местата за обука и складиштата за оружје. Војската во соопштението вели дека нападот е “освета за крвопролевањето и одмазда за убијците”. Соопштенето додава дека авионите кои учествувале во операцијата се вратиле безбедно.

Египетскиот претседател Abdel Fatah al-Sisi, нешто порано, изјави дека Египет има “право да одговори” на акциите на Исламската држава.

Џихадистичката група, Исламска држава, објави во неделата видео-снимка од егзекуцијата на лица кои ги претстави како египетски христијани, кои неодамна ги киднапирале во Либија.

На снимките објавени на мрежните станици кои ги користи Исламска држава лицата се во портокалова облека, слична на онаа која ја носеа нивните киднапирани заложници а кои неодамна беа погубени, поредени на една плажа со лисици на рацете, а крвниците им ги сечат главите со нож.

Либискиот огранок на Исламската држава извести дека на 21 јануари се заробени 21 египетски христијанин, а и Каиро потврди дека 20 нивни државјани се киднапирани во таа соседна земја.

Белата куќа ги осуди егзекуциите на египетските државјани и тоа го нарече “кукавичко убиство” и повика на решавање на конфликтите во таа земја. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top