Post Views: 3
Зголемен бројот на кражби на струја во 2015 година во споредба со претходната. Тоа го покажуваат статистичките податоци на ЕВН Македонија. Според нив во 2015 год откриени се 1136 кражби за неовластено користење на електрична енергија. Околу 70 кражби од нив се територијата на охридско-струшкиот регион, за ТВМ обелодени портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески. Над 80% од кражбите биле откриени кај домаќинствата но голем е бројот на кражби и кај бизнис корисниците, додава Ковачевски. Додека пак за тековнава година за месец јануари во Охрид се откриени 10 кражби а во соседна...
Post Views: 4
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сервисот на Локланата самоуправа поднесени се 936 барања. Секојдневно се доставуваат по десетина, кажува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Но, само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, објаснува Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ, а тоа е 31 март.
Сеуште службите не се започнати со решавање на предметите кои се веќе стигнати...
Post Views: 6
Ученици од повеќе училишта од Скопје и другите градови низ Македонија месецов ќе бидат дел од „Снежниот град“ и Снежниот карван“ во Маврово.
Манифестацијата ќе трае од 11 до 28 овој месец.
Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека Снежниот град ќе се гради од 11 до 16 февруари, а потоа ќе биде отворен за посетителите, со што ќе почне вториот дел од манифестацијата „Снежен караван“.
Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер како „Снежната квизотека“, избор на Снежна убавица, Снежен крос, Најсладка бонбона, Снежно...
Post Views: 2
Охрид наскоро ќе добие три подземни контејнери. На последната седница на совет беа одредени локациите каде што ќе бидат поставени. Подземните конејнери ќе бидат распоредени в долж улицата Македонски просветители и тоа едниот кај некогашната стара стоковна куќа на пресекот со улицата Даме Груев, другиот на пресекот на Македонски просветители со улицата Димитар Влахов и третиот наспроти маркетот Рамстор. Оваа иницијатива е дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Сметаме дека ова се најсоодветните локации за поставување современи...
Post Views: 5
Во Тирана се одржа третта средба на Кор групата за Дримскиот Дијалог составена од преставници од петте држави од Дримскиот Басен.
Состанокот беше продолжение на дримскиот дијалог, како иницијатива – процес на управување и заштита на целокупниот дримски басен, каде беа изложени сите елементи кои се однесуваат на управвањето на суб басените како што се Охридско, Преспанско и Скадарско езеро и напредокот кој е направен во тие суб басени.
„Од наша страна најмногу се задржавме на напредокот кој е направен во однос на систематизацијата на самото министерство каде што...
Post Views: 3
СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 31 до 33 години и еден седумнаесетгодишник поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“и едно кривично дело „кражба“.
Во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година, пријавените ги извршиле тешките кражби во пет фабрики, од кои три на подрачје на Ново Село-Дебрца и две на подрачјети на Охрид. Кражбата ја извршиле на градилиште на автопатот Охрид-Кичево, при што одзеле метални шипки, 500 кгр. бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори...
Post Views: 12
На 28.10.2021 во 07.40 часот во СВР Охрид пријавено дека во периодот од 16 часот на 27.10.2021 до моментот на пријавување, со употреба на сила било влезено во зграда каде се сместени канцеларии на Државен просветен инспекторат, Трудова инспекција и Воени инвалиди на улицата „Владо Малески” во Струга.
Било извршено претурање по канцелариите, но не било ништо одземено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Еден од неизбежните декори на нашиов град е охридското кајче.
Денес ви претставуваме само еден момент од оваа охридска тајна без кој нашиов град не би бил она што е.
Опеано во песните, место каде се изјавувала првата љубов, средство со кое во минатите времиња охридските семејства успеале да преживеат.
Преку моментот кој зароби објективот на Ѓоко Симјаноски уживајте во оваа убавина.
Post Views: 10
На отворањето пригодно обраќање имаше заменик – градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.
-Почитувани вљубеници во трпејчките зајдисонца, добровечер и добредојдовте на уште едно издание „На зајдисонце“ во преубавата Трпејца. Вечерва по десетти пат се собираме да го означиме почетокот на една од најавтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. Дополнително радоста е поголема оваа година бидејќи се слави еден мал јубилеј 10 успешни изданија и само по себе „На зајдисонце“ прераснува во една традиционална манифестација. Групата ентузијасти...
Post Views: 2
Поради изградба на кружниот тек, денес во времето од 08 часот до 13 часот за сообраќај целосно ќе биде затворен дел од булеварот „Туристичка“. Предвидено е затворање за сообраќајот во двата правци на потегот од пресекот на булеварот „Туристичка“ со булеварот „Асном“ до пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“. Целосното затворање за сообраќај е поради замена на подземната инфраструктура што треба да ја изведе јавното претпријатие „Проаква“ работна единица „Водовод“. Поради овие предвидени градежни активности, ги повикуваме сите учесници во сообраќајот...
Post Views: 6
После премиерата на преставата Стари времиња, проектот ИмпроВокација, серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава Убавицата и ѕверот, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата Парламентарки, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.v
Post Views: 5
Во несекојдневна кампања под името “одвоете дел од утрото за себе” Nescafe на граѓаните на Загреб, Сплит, Задар и Осијек во текот на март ќе ги развесели граѓаните со повеќе од 100.000 бесплатни кафиња.
Кампањата е поттикната со истражувањето за навиките на љубителите на кафе, која покажала дека основните мотиви за пиење кафе се будењето, покренувањето и подигнувањето на расположението. Затоа Nescafe Classic одлучил да ги изненади Хрватите со кафе и да им овозможи утрински моменти на уживање во омилениот напиток, на нивниот пат до работа или при извршувањето на секојдневните...