logo

Обука за охридските сметководители

Post Views: 0 Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Поднесување на даночна пријава во согласност со Законот за ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 10-ти март 2016 година, во Даночното одделение во Охрид. На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат разгледани и теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот...

Continue reading

autizam

Во Охрид многу малку се говори за аутизмот-наредната недела трибина на оваа тема

Post Views: 1   Евидентниот пораст на бројот на деца со аутизам во светски рамки, но и на ниво на Република Македонија се повеќе ја засилува потребата за подигнување на јавната свест за оваа состојба. Многу семејства во нашата земја за жал под превезот на интимата скришум се борат со аутизмот на нивното дете. Евиденција на децата со оваа состојба, барем во нашиот град нема. Според дефектологот Александра Апостолова која работи во дефектолошката служба при Општа болница Охрид, вели дека поради непостоењето на соработка помеѓу повеќе институции, често се губи и комуникацијата со семејствата...

Continue reading

SEGA

Младите да бидат активни учесници во демократските процеси

Post Views: 4 Коалицијата на младински организации СЕГА ќе ги едуцира младите како правилно да го остварат своето право на глас на престојните локални избори. Оваа невладина организација во наредниот период, во осум поголеми градови, меѓу кои и Охрид, ќе се обрати директно кон младите во обид да се подигне нивната мотивација за учество на политичките избори, и остварување на нивното право на глас. Претседателот на СЕГА, Зоран Илиески, вели дека целта на овие едукативни сесии е да се поттикне критичното мислење на младите со цел тие да можат правилно да гласаат. „Факт е дека младите...

Continue reading

pozarna

Охридската противпожарна единица одсега ќе наплаќа за дополнителни услуги по утврден ценовник

Post Views: 10 Територијалната противпожарна единица ќе наплаќа за вршење дополнителни услуги според утврден ценовник. Ова беше изгласано на последната седница на советот на општина Охрид на која се дискутираше по правилникот кој територијалната противпожарна единица го предложи до градските советници. Според него, единицата вршејќи ги дополнителните услуги, како обезбедување на концерти и слични други активности доколку оцени дека истото треба да биде фактурирано. Според Спасе Прентоски од ТППЕ, имале бројни случаи каде пожарникарите морале да обезбедуваат настани и концерти и по...

Continue reading

malik shemshedini

ДУИ ги манипулира гласовите на албанците

Post Views: 1 ДУИ е во клиничка смрт. Мерко само се обидува да ја спаси. Струшкиот огранок на ДПА, со здружени сили на ограноците на ДПА на Пелагонискиот регион изразија вознемиреност во врска манипулацијата со гласовите на Албанците. Малиќ Шемшедини, претседател на огранок на Преспанскиот регион, рече дека основните вредности на демократијата се изгубени и тоа било, ни помалку, ни повеќе, туку само конкурентност на политичките опции. Тој предупреди дека албанска нација има насекаде, не само во Струга. Шемшедини во кратки црти спомна дел од пропустите на ДУИ, посебно во градовите...

Continue reading

Кирил утре оди на лекување во Турција, трошоците ги плаќа ФЗОМ

Post Views: 0   ФЗОМ по поднесеното барање за лекување во странство на 11 месечниот Кирил Митревски го одобри тоа барање за лекување и во целост ќе го покрие финансискиот трошок за оперативниот зафат. Операцијата ќе му биде направена на малиот Кирил, во договор со родителите, во Турција. Република Македонија во целост ќе го покрие третманот во овој случаj, информира директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски. „Јас како охриѓанец сум исклучително горд на моите сограѓани кои во изминативе неколку денови покажаа несебична поддршка и својот хуман карактер се со цел да спасат еден млад живот....

Continue reading

Вакцините против ковид не се експериментални

Post Views: 2 Вакцината на „Фајзер“ од август оваа година има трајно одобрение за употреба, кое што важи засекогаш. Европска агенција за лекови ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, што може да се види на официјалната страница на ЕМА. Светската здравствена организација ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 и досега таа се дава во 65 земји. И „Синовак“ има дозвола за употреба од СЗО која ја доби на 1 јуни 2021 година и се дава во 40 земји. Нашата држава ги следи препораките на СЗО, ФДА и на ЕМА, односно, тука се прифаќаат вакцините коишто...

Continue reading

Се осветлуваат кружните текови

Post Views: 1   Се изведуваат финалните работи на кружниот тек на бул „Туристичка“ на пресек со ул „Македонски Просветители“. После хортикултурното уредување се работи на естетско но и засилување на функционалното осветлување на просторот. Во моментов помалиот и поголемиот кружен тек се осветлуваат со нови илуминации во јадрата на централните кругови, но подоцна во рамки на постоечките електрични столбови ќе биде поставено дополнително улично светло информира, портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Ќе бидат поставени 9 електрични светилки со...

Continue reading

Државните инспекторати за животна средина да ја подобрат транспарентноста кон јавноста

Post Views: 0 Направена е анализа врз транспаретноста и отчетноста на инспекторатите со надлежности во  животната средина. Центарот за еколошка демократија  Флорозон во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сè“ анкетирале 4 инспекторати со надлежности врз животната средина и човековото здравје. Анализата  се однесува на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за техничка инспекција. Генералниот заклучок е дека  Државните инспекторати...

Continue reading

Ќе се интензивираат работите околу изградбата на затворениот базен

Post Views: 0   На локалитетот каде што за три години треба да никне затворениот пливачки базен во Охрид, се изведуваат подготвителни работи, дел од земјените работи, а се работи и на подготовка на бетонските работи за темелната конструкција. Како што информираа од Агенцијата за млади и спорт, оваа фаза на градба била многу сложена и требало да се изведе со многу внимание, со оглед на тоа што се работи за изградба на капителен објект каков што досега се нема изградено последниве 35 години. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека уште при проектирањето на објектот биле извршени геомеханички...

Continue reading

Охриѓани несебично даваат поддршка за малиот Кирил

Post Views: 2   Охрид деновиве живее во духот на хуманоста, солидарноста и општите човекови вредности.  Ова синоќа го изјави првиот човекна градот Никола Бакрачески непосредно пред одржувањето на хуманитарниот концерт посветен на Кирил Митрески, на кој присуствуваше градоначалникот, заедно со директорите на јавните претпријатија. „Се надевам дека на овој концерт и наредните неколку денови на хуманитарните активности кои што ќе бидат организирани со овој повод граѓаните масовно ќе ја дадат својата поддршка за ваква една хумана активност. Така да ја користам оваа прилика да упатам...

Continue reading

Џихадистите објавија “туристичка брошура”на Исламската држава

Post Views: 7 Џихадистите на Исламската држава во јавност пуштија бизарни фотографии во обид да привлечат муслимани во џихад. Целта на оваа серија од фотографии е да се прикаже како добро се живее во саопрогласениот калифат. Така на фотографиите свое место си нашле пазарите кои се преполни со шарени артикли, штандови со играчки, парфеми, овошје и зеленчук, пекарски производи…На некои од фотографиите се нашле и некои западни деликатеси како што е пицата, хамбургерот и газираните сокови. Фотографиите се пропратени со слоганот “wish you were here” или во превод “би сакал да си...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top