Кирил утре оди на лекување во Турција, трошоците ги плаќа ФЗОМ

Малиот Кирил кој се бори со тешка болест, тумор на мозокот, утре патува на оперативен зафат во Турција. Трошоците за лекување на 11 месечното момче ги покрива Фондот за здравствено осигурување на Македонија, информира за ТВМ, директорот на Фондот Сашо Стефановски.

 |   | 

 

Сашо СтефановскиФЗОМ по поднесеното барање за лекување во странство на 11 месечниот Кирил Митревски го одобри тоа барање за лекување и во целост ќе го покрие финансискиот трошок за оперативниот зафат. Операцијата ќе му биде направена на малиот Кирил, во договор со родителите, во Турција. Република Македонија во целост ќе го покрие третманот во овој случаj, информира директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.

„Јас како охриѓанец сум исклучително горд на моите сограѓани кои во изминативе неколку денови покажаа несебична поддршка и својот хуман карактер се со цел да спасат еден млад живот. Јас лично му посакувам на Кирил што побрзо оздравување и среќно детство. “ – изјави за ТВМ Стефановски.

Како држава направивме се за да го обезбедиме потребното лекување, да го покриеме во целост финансискиот трошок од 45 000 долари за интервенцијата во Република Турција- додаде директорот на ФЗОМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top