Post Views: 5
Јубилејна година на традиционалниот настан „Пронајди го охридскиот бисер во Заливот на коските“. И годинава по повод Денот на жената 8 ми март, по петти пат туристките од Црна Гора го бараа охридскиот бисер во куќичките од наколната населба на најпосетуваниот локалитет на охридското крајбрежје. Данијела Лаховиќ никогаш нема да го заборави овој локалитет каде за прв пат доаѓа, бидејќи беше најсреќна и успеа да го пронајде охридското богатство, прочуениот бисер.
„Не очекував вакво нешто. Дојдов само на излет во Охрид навистина благодарам на сите. Охрид е познат по бисерите“...
Post Views: 5
Деновиве без јавно осветлување останаа улиците „Момчило Јорданоски“ и „Марко Цепенков“ од Охрид. Граѓаните кои живеат на овие улици сведочат дека неколку денови се движат низ темни сокаци и укажуваат дека со модернизацијата на новиот систем за осветлување со лед диоди не очекувале ваков проблем. Како причина за ваквата состојба, од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици ги наведуваат временските прилики и силниот ветер кој што го зафати нашиот регион.
„Во дослух со Јавниот приватен партнер дознавме дека направило определени проблеми на различни локации од...
Post Views: 10
За четири пати е зголемен извозот на македонското грозје во Русија, објави бизнис порталот “Росијинвест“.
Со ова зголемување, земјава се позиционираше на 14-тото место меѓу земјите од кои Руската Федерација најмногу увезува грозје.
Во текот на 2012 година, на рускиот пазар се извезени 1.422 тони трпезно грозје чија вредност е над 870.000 евра, а најголем дел од извозот е реализиран во октомври.
Вкупната размена на земјава со Русија, во текот на изминатата година, беше вкупно 393,5 милиони долари, од кои на увозт отпаѓаат 360,3, а на извозот над 33 милиони долари.
{loadposition...
Post Views: 6
Реномирани професори по физичко образование ќе ги вежбаат децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за правилен физички развој. Со тоа и воспитувачите ќе стекнат знаења, кој тип на вежби се препорачуваат за правилен развој на дечињата, со цел да се помогне некои одредени проблеми кај децата да се корегираат. Како што за ТВМ изјави директорката на градинката Розе Костеска, намалена била границата на рбетни деформитети кај децата, па затоа одлучиле да се воведат вакви часови со цел навреме да се откријат таквите проблеми и корективно да се влијае уште на помала возраст.
„Точно...
Post Views: 1
Во Струга и Охрид нема ниту еден случај на морбили. Епидемијата на малите сипаници во Скопје, не ги остави рамнодушни надлежните од Министерството за здравство. Последниве три месеци оваа сипаница зеде голем замав, пред се кај невакцинираните лица. Поради тоа, надлежните здравствени власти презедоа превентивни мерки за сузбивање на морбилите, посебно кај невакцинираните, делумно вакцинираните лица, дури и кај шестмесечните бебиња. Др Лилјана Дурацоска појасни за какво заболување станува збор.
„Започнува со кивање кашлица и висока температура. Опсипот излегува после...
Post Views: 2
11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек.
Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во Турција во...
Post Views: 8
Дополнителни рестрикции не треба да се прават, ниту поради Омикрон, ниту поради евентуален нов сој на коронавирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Гинеколошката клиника во Чаир.
Тој вели дека во моментов нема знаци на влошување на епидемиолошката состојба и дека сите треба да се научат да живеат со општите превентивни правила и да се зголеми степенот на вакцинација, оти, како што вели, тоа е излезот од кризата.
„Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, сè до еден момент додека...
Post Views: 8
Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции.
Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер...
Post Views: 7
Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“, хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“, хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021...
Post Views: 5
Повторно поставена урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото. Иако станува збор за површина намената за пешаци, на оваа локација особено во летниот период се поставуваат маси и столици од околните угостителски и хотелски објекти. Комуналната инспекција летово ова донекаде го регулираше со посебниот режим на сообраќај за тој дел од градот, а сега ќе утврдува дали поставената урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото е поставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест. Портпаролот на општината, Томе Џамтоски...
Post Views: 1
Дел од родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена, реагираат на начинот на плаќање на сумата за екскурзијата. Оваа тура чини 200 евра, а како најдобар понудувач на тендерот кој го распиша училиштето е избрана ТА Вис пој. На родителската средба која се одржала во месец декември на родителите им било кажано дека сумата ќе се плаќа на три рати. Но поради доцнење на целокупната процедура околу изборот на агенција сега сумата ќе треба да се плати на...
Post Views: 0
Поради голема снежна бура во САД од Тексас до Нова Англија затворени се училишта, откажани се повеќе од 4.000 летови, додека стотици возачи во Кентаки, каде паднал 58 цм. снег, морале да го прекинат патувањето.
Авион на превозникот Delta Air Lines на њујоршкиот аеродром La Guardia поради обилен снег при слетувањето се излизгал од пистата и удрил во оградата. Повредени нема.
Во Колумбија, Њу Џерси, Јужна Каролина и Тенеси се најавени затварања на училишта, канцеларии и судови, додека гувернерот на Кентаки прогласи вонредна состојба. Националната гарда е разместена за...