Post Views: 1
Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди. Оваа идеја стара десетина години по се изгледа конечно ќе се реализира. Венко Голабоски, претседателот на здружението на телесни инвалиди од Охрид вели дека проектот е вклучен во нивната годишна програма и е доставен до Локалната самоуправа и дека од таму добиле зелено светло. Голабоски објаснува дека вакви плажи има насекаде во поголемите туристички места во светот. Тој го посочи примерот на Задар каде секое лето го поминува својот одмор. Плажата е со сите потребни помагала за лицата со инвалидитет па тие можат непречено...
Post Views: 3
За Денот на жената 8 -ми март охридската чаршија денес беше раздвижена. Традиционално празникот се одбележува со подарување на најразлични подароци. Осмомартовските подароци се купуваа во парфимериите, продавниците за накит, сувенирниците ама се чини најпосетувани беа цвеќарите и цветниот пазар на плоштадот кај чинарот.
„Се купува секакво цвеќе, еднаш во годината е денот на жената и тоа е знак на култура. Се купуваат цвеќина од се по нешто од каранфил до рози“, вели Аднан Али еден од продавачите на цветниот пазар кај чинарот.
Во знак на внимание и почит кон понежниот...
Post Views: 10
Пожарот што избувна на скопски Бит пазар започнал од колонијална продавница и се проширил на другите дуќани.
Во продавницата каде што избувнал пожарот можеа да се видат остатоци кои доста лесно горат.Огнот го забележале лицата кои го обезбедуваат пазарот и веднаш пријавиле во противпожарната служба.Утрово местото на пожарот беше обележано со полициски ленти, а истражните органи вршеа увид на самото место.Дел од пазарот утрово немаше струја, но тезги има како и секој ден, а пазарџиите работат.Трговецот Џафир Четовиќ, кој изнајмувал еден од дуќаните што изгореа во пожарот,...
Post Views: 5
Дали ЕВН ги „краде“ потрошувачите? Ова прашање се наметнува речиси кај секој потрошувач на електрична енергија бидејќи сите ние забележуваме дека има поголеми варијации во износот на нашите сметки за потрошена електрична енергија. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески за ТВМ тврди дека ЕВН не може да краде туку наплатува онолку колку што е отчитано.
„Ако некој корисник мисли дека ЕВН има прекршено некое право тоа може да го побара пред сите надлежни институции, ЕВН има обврска да одговори на сето тоа како сите други правни субјекти. Значи ако некој случајно биде оштетен...
Post Views: 7
Основниот суд во Струга тројцата обвинети ги прогласи за виновни за кривично правниот настан. Тие се товареа за тешки дела против општата безбедност. Ваквата одлука ги остави незадоволни адвокатите, но пред се семејствата на обвинетите кои во солзи ја напуштија судницата.
Виновни! Така гласеше денешната пресуда во случајот „Пливалиште“. Ваквата пресуда следуваше по осуммесечната доказна постапка по која денес со задоцнување од половина час се произнесе Основниот суд од Струга. Тројцата обвинети се товареа за тешки дела против општата безбедност. Првообвинетиот Цвете...
Post Views: 1
Жените, директорки од Охрид, денес беа на прием во Локалната самоуправа, по повод Денот на жената. Нив ги пречека заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој нагласи дека денешниот ден е историски и во име на општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и во негово лично име, на сите жени им го честиташе прзаникот. Јанев истакна дека во нашата земја во Локалните самоуправи жените се застапени со 40% што го надминува законскиот процент кој е околу една третина односно 33,3 % .
„Соработката пред се со здружението на жените но и со институциите кои што ги водат жените...
Post Views: 2
Жално и крајно не сериозно е тоа што СДСМ Охрид не се обиделе нити точно да ги пребројат 100те дена од мандатот, а камо ли да застанат и да ги проверат сите проекти кои се сработени во изминатиот период. Веројатно под наредба од централата, иако знаејќи дека ќе испаднат смешни пред јавноста, од СДСМ Охрид биле принудени да излезат на прес конференција, се вели во реакцијата на општина Охрид во врска со прес-конференцијата на СДСМ Охрид по повод 100 дена нова локална власт.
Понатаму во реакцијата се вели:
“Драги господа од СДСМ многу работи се сработија во Охрид, за...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела ,,тешка кражба“ и две „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против следниве 6 лица од Битола меѓу кои и еден малолетник: С.М. (32), Х.М.,С.Р., Ф.А. (33), Р.Ш. (31), и А.Џ.(31).
Кривичните дела, пријавените ги извршиле во периодот од септември 2015 до февруари 2016 година во фабриките ,,Макител“ во Ново село општина Дебарца како и во фабриките „РЦ Филтри“ и „АМАК –СП“ во Охрид. Една тешка кражба сториле и во поранешниот ресторант „Св. Еразмо“.
Во извршувањето на кражбите и тешките кражби, пријавената...
Post Views: 8
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2021 година, број 01-1297/1, од 20.07.2021 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2021 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/20 ) се објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година
Опис на јавниот повик
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината...
Post Views: 4
„Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8. март е прилика да се потсетиме и разгледаме колку далеку отишло македонското општество во напорите да се постигне родовата рамноправност. Исто така, овој ден би требало да биде прилика сите граѓани да се здружат, поврзат и мобилизираат за понатамошни конкретни општествени промени кои ќе им овозможат на жените да бидат рамноправни, почитувани и ценети припаднички на општеството.Во тие стремежи, сите жени и женски групи ги надминуваат националните граници и ги истакнуваат постигнатите резултати од напорите и настојувањето...
Post Views: 0
Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за авторското дело на единствениот актер кој се појавува во неа, Никола Тодороски, а работена според раскази на Марк Твен. „Писма од земјата“ покрај охридската премиера, свое премиерно издание ќе доживее и во Софија, во соседна Бугарија.
„Драго ми е да објавам уште една претстава, премиера, авторско дело на НИкола Тодороски, четврта премиера на Охридскиот театар во овој краток период, се работи за едно копродукциско дело, од познатиот автор Марк Твен, „Писма од земјата“, која ќе може да ја видите утре во 20 часот.“-вели...
Post Views: 1
Руската групација со седиште во Луксембург, во сопственост на рускиот олигарх Михаил Фридман, ја купи германската гасна и нафтена компанија RWE Dea AG за 5,1 милијарди евра, пренесува AJB.
Германската компанија е една од петте водечки на подрачјето на енергетика и електрична енергија која снабдува 20 милиони корисници, а со гас околу 10 милиони.
Велика Британија е загрижена поради оваа трговија, пренесуваат агенциите, потсетувајќи дека Лондон се обидел да ја спречи продажбата.
Британските власти се загрижени поради фактот дека RWE продава нафта и гас во Германија, Велика...