svr

Наместо да руши, си поставил прозори

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишно лице од струшкото село Враништа. – Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катастарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни ѕидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри * 0,7 метри и два прозори 0,75 метри * 0,7 метри. Пријавениот прозорите ги  поставил на објект, за кој овластениот градежен инспектор од...

Continue reading

Направете разлика помеѓу интегрален и обоен леб

Post Views: 13 Црниот и р’жениот леб е популарен меѓу луѓето кои се грижат за своето здравје и водат сметка за правилна исхрана. Таквиот леб би требало да се призведува во поголем дел од цело пченично или р’жано зрно, така што ги задржува сите важни хранливи материи. Тајната на црниот леб е неговото богатство од влакна, витамини В и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Тој и во мали количини дава чувство на ситост па затоа се препорачува како предјадење за отфрлање на нервозата поради глад. Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот, мирисот и...

Continue reading

линија

Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници

Post Views: 0 Бродовите на релација  Охрид- Поградец наскор ќе пловат со отварење на привремениот граничен премин кај Св Наум. Сите охридски бродови се подготвени и технички исправни за стратот на новата сезона. Бродовите  имаат одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на  Капетанија на пристаништата-Охрид. Капетаното напоменува дека двегодишното искуството од возењето на бродската линија на ова релација покажува дека е најатрактивна за странците, а помалку привлечна за охриѓани. „ Првата година да,  втората помалку. За македонците...

Continue reading

Промоција на нов проект: „Декада на припадност – Славење на различностите“

Post Views: 0   Промовиран новиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“. Овој проект наредниве три години ќе го работат активистите на Локалната агенција за развој од Струга, а како нивен партнер се јавува Граѓанската организација „Креативни и активни“, исто така од Струга. Целта е да се подобрат меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор, вели Катерина Василеска, проектниот менаџер. „Сакаме сите различни етникуми, различни заедници кои што живеат во регионов да ги споиме...

Continue reading

svetec grozd

Денес се празнува Св.Трифун

Post Views: 6 Дали се нарекува свети Трифун, Трипун, а некаде е познат и како Тривун, заштитникот од град и поплава, чуварот на лозјата од штетници, заштитникот на лозарите и кафеанџиите, едно е сигурно, станува збор за исклучителен настан поврзан со празнувањата и колективната меморија. Делумно и пагански празник овој ден, 14 февруари, неофицијално се смета и за ден на пролетта, бидејќи од денеска почнува будењето на природата. И повторно, не случајно, тоа е и Денот на вљубените, Свети Валентин, односно денот на оние што чувствуваат потреба повторно да дадат завет за вечна љубов,...

Continue reading

Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство

Post Views: 7 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа комисија...

Continue reading

Ramiz Merko

На струшката политичка сцена врие

Post Views: 1 Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај...

Continue reading

sovetnici

Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите

Post Views: 2   Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите. Тие на вчерашната седница на совет беа гласноговорни кога дојде на ред точката за Извештајот за работа на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2015та година. Јован Стојаноски од СДСМ рече дека општината за некого е мајка за некого маќеа. Истакна дека дури 80% од средствата од буџетот наменети за развој на спортот во градов одат за РК „Охрид 2013“ или околу 60 000 евра општински пари плус околу 20 000 пари од спонзори, а останатите клубови и спортови не добивале ниту денар. Претседател на клубот...

Continue reading

Лозано утревечер со настап во Охрид, влезница бараат и гости од регионот

Post Views: 1 Една од нашите најголеми музички ѕвезди, миленикот на сите генерации, Влатко Лозаноски – Лозано овој петок (утревечер) ќе одржи голем концерт во Охрид. По пауза од две години, Лозано повторно ќе пее во нашиот туристички бисер, а интересот за неговиот настап е веќе голем уште по објавување на првата информација. Лозано се нетрпение ја очекува дружбата со публика, бидејќи како што вели, настапите во Охрид се секогаш посебни. – Драго ми е што после пауза од две години повторно ќе пеам во еден нашите најубави градови во Македонија. Охрид секогаш ми буди само...

Continue reading

Ќе се уредува локалитетот „Сини Вирови““

Post Views: 5   Се изготвува проектната документација за уредување на Белчишкото Блато, познато под името „Сини вирови“. Овој локалитет, сместен во недопрената природа крие многу тајни за животот на планетата од пред многу милиони години. За убавините со кои располага ова мистично парче природа кое воодушевува, многу малку се знае. Овој природен локалитет има големи туристички потенцијали, кои може да се валоризираат само доколку целосно се зачува и се стави во функција на одржлив развој, на што моментално работи Игор Трајкоски, градоначалник на Дебрца. „Значи пристапен пат кој што...

Continue reading

Една слика во хотел ,,Казино“ не значи поддршка за објектите за игри на среќа

Post Views: 1 Пишува: Ардит Рамадани Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“. Села против игрите на среќа, а Таравари „се релаксира“ во Хотел „Казино“ во Гевгелија, се вели во насловот на рецензираната вест.Како прво, не е вистина дека Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците (АА) е против игрите на среќа. Тој изјавил дека со доаѓањето на неговата...

Continue reading

granicar

Обуки за гранична контрола во Охрид

Post Views: 2 Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици. Целта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ. Обуките ќе бидат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top