Post Views: 6
Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно.
„Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се спушта...
Post Views: 2
Студио за монтажа на звук и слика, четири админстративни канцеларии, две големи училници, една за сценаристика и драматургија опремена со 4К телевизори и звук, и една за катедрата за креативна продукција опремена со платно за проекција на филмови, сараунд систем. Филмската академија од Охрид на добар пат да стане вистински клон на братската филмска академија од Чешка, ФАМУ. Предавања на англиски јазик, 24 реномирани професори исклучиво од чешката академија, како и двајца гости од Универзитетот Колумбија од Њу Јорк и Филмската академија од Њу Јорк се само дел од предиспозициите...
Post Views: 4
На штотуку завршената конференција за новинари, Apple конечно ги објави цените на паметниот часовник кои се движат од 349 долари за женската, односно помалата верзија па сѐ до 10.000 долари за златната 24 каратна верзија.
За оние кои се одлучиле да го купат Apple Watch нема премногу изненадувања, па така најевтината женска верзија т.н. Apple Sport ќе чини 349 долари, додека за мажите, односно 42мм верзија ќе чини 399 долари. Додатно можат да се купат ремчиња чии цени ќе можат да се најдат наскоро на официјалната страница.
Од друга страна постои и “обична” Apple Watch...
Post Views: 3
Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“.
Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа...
Post Views: 7
Литературна средба, Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот. Оваа несекојдневна дружба со истакнатиот професор д-р Никола Бошале, се одржа во Прличевата одаја на НУ „Библиотека“. Генерално досега не се појавил автор во Охрид, кој ги собрал на едно место легендите и преданијата за Прличев, а мојот труд во кој изнесов три легенди кои ги пронајдов, нека биде појдовна точка понатаму за идните автори, кои се занимаваат со ликот и делото на големиот поет“, истакна Бошале во неговото впечатливо излагање.
„Еден од мотивите што сум тука е да регрутирам...
Post Views: 10
Денеска на падините на спортско-рекреативниот центар „Попова Шапка“ ќе се оддржи 25-то полициско првенство во алпско скијање – велеслалом во машка, женска и екипна конкуренција.
На првенството ќе се такмичат над 60 пријавени натпреварувачи кои ќе возат на патеката „Пионерски рид“ или „Сртот“.
По завршувањето на натпреварите ќе бидат прогласени победниците и ќе им бидат доделени признанија.Првенството го организираше Македонскиот полициски синдикат.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Одбележан 71виот роденден на Општинската организација на Црвен крст Охрид. На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите општински организации, на 26 март 1945 година е формирана охридската организација. По тој повод денес беше отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.
Се одлучивме на ваков начин наодбележување на роденденот бидејќи сакавме посебно најмладите да видат преку фотографиите од нашата архива како...
Post Views: 1
Советот за радиодифузија ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одбиле да ги објават подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите.
ЈП Службен весник создаде вакуум период во медиумската регулација, кој негативно влијаеше врз функционирањето на СРД и електронските медиуми во време на изборен процес. Со ова не е испочитуван Изборниот законик, кој налага СРД да донесе Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот од распишувањето на изборите до почетокот...
Post Views: 1
Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања.
„Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да ја оствариме...
Post Views: 3
Постот нецелосно ја информира јавноста, односно му недостига контекст. Точно е дека „Фајзер“ во вакцината за деца под 11 години ја додава состојката трометамин, но оваа состојка ја додава и во вакцините за тинејџери и возрасни. Не е точно дека трометаминот се додава за да се спречи срцев удар по примање на вакцината, туку за да се олесни нејзиното одржување и траење. Трометамин има и во вакцината на „Модерна“, но и во други вакцини и лекови одобрени од ФДА.
Пост на Фејсбук (во меѓувреме избришан) ја манипулира јавноста дека во вакцината на „Фајзер“ одобрена за аплицирање...
Post Views: 1
По минатонеделната конституивна седница на Одборот за одбележување на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент -Охридски што се одржа во Скопје, а со која претседаваше претседателот на државава Ѓорге Иванов, денеска градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го одржа првиот координативен состанок со врвот на МПЦ и МАНУ со цел да се утврдат првичните содржини на централната манифестација на настанот – Свечената Академија што на 9 август ќе се одржи во Охрид.
На работната средба присуствуваа поглаварот на МПЦ г. г Стефан, митрополитот дебарско –кичевски,...
Post Views: 7
Деновиве на протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, беше Амбасадорот на Израел, Дан Оријан. Традиционално на средбата беа потврдени добрите и пријателски релации на Охрид со државата Израел и одличната меѓусебна соработка.
На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката во повеќе области, помеѓу кои се образованието и туризмот.
Инаку, поради завршување на мандатот ова е последна официјална посета на Дан Оријан во Охрид, како амбасадор на Израел во Република Северна Македонија.