Post Views: 105
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска во седиштето на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА во Скопје присуствуваше на работен состанок во врска со интензивирање и динамизирање на процесот за изградба на нова училишна зграда за ООУ „Братство Единство“ во непосредна близина на „Крст Џамија“.
Градоначалникот Пецаков ја истакна заложбата и посветеноста на Општина Охрид за конечна реализација на овој проект. Воедно изрази жалење за застојот во активностите, пред се поради досегашната непосветеност на локалната самоуправа за конечна реализација...
Post Views: 0
9 члена актерска екипа е подготвена пред охриѓани да ја одигра премиерата на претставата Парламентарки. Ова е 5-та премиера на охридскиот театар. Претставата е инспирирана од комедијата „Жени во народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
„Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга се заминава со човековата глупост во желбата за власт и моќ, напоменува драматургот Сашо Димоски.Потребата да се напише нов текст произлегува од глобалните и локалните политички настани кои станаа дел од нашето секојдневие...
Post Views: 0
На 24/25.07.2021 година од 23 до 05 часот, на целото подрачје на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници кај 14 возачи констатирале присуство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-05).
Тие се исклучени од сообраќај и против нив се поднесени соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел, зголемување на степенот на безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Околу 23 000 коминтенти од Охрид сметките за потрошена вода ќе можат да ги подмират електронски. Оваа новина, односно пакет услуги во работата на МЈП Проаква на прес конференција ја соопшти директорот, Томе Паскалоски. Тој истакна дека како ЈП се први во регионот кои го воведуваат електронското плаќање на сметките, сметајќи дека со ваквиот начин на плаќање се добива поголема економичност, заштеда на човечки ресурси, ангажирање на вработени, заштеда на материјални средства, хартија и сл, намалување на редовите и гужвите во службите каде што се наплатните пунктови како...
Post Views: 1
За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следните предупедувања до сите граѓани на Република Македонија:
-да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места-да не се палат стрништа, меѓи и други површини-да не се фрлаат стаклени шишина и друга стаклена амбалажа-да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал-да не се фрлаат остатоци од цигари
Post Views: 0
САД во нападот со беспилотно летало на 12 март во Сомалија го убија лидерот на исламистичката група Al Shаbab, Adan Garar, поврзан со нападот на трговскиот центар Westgate во Најроби во 2013 година, соопшти Пентагон.
Adan Garar бил припадник на службите на Al Shаbab за известување и безбедност чија задача била да ги координира надворешните активности на екстремистичката група, додава Пентагон во своето соопштение.
На основа на оперативни разузнувачки податоци, американските сили со помош на беспилотно летало го нападнале возилото во кое бил Adan Garar во околината на...
Post Views: 83
Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Учителите од пониските одделенија во основното образование воочиле некои проблеми со кои се сретнуваат учениците во јазичната и математичката писменост и се нафатиле на стручен начин да работат на тој проблем. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“. Ова вмрежување на училиштата ќе им помогне да користат туѓи искуства при изнаоѓањето на механизми како...
Post Views: 3
На пресекот од улиците 15 -ти Корпус и Веле Марков, ЛС постави сообраќајни знаци кој покажуваат обележан премин. Жителите поставените знаци ги добија по одржаниот состанок со преставници од ЛС со жителите од оваа урбана заедница. Жителите покрај ова побараа надлежните да им решат и другите инфраструктурни проблеми. Дејан Анѓелески, претседател на оваа УЗ вели дека работите почнале да се придвижуваат после одржаната средба.
„ Ставија знаци.На игралиштето на улицата Мирка Гинова се зедоа мерки за да се постави ограда со соодветна висина. Ветија дека за две недели...
Post Views: 1
Во текот на месец март сите граѓани ќе може да направат бесплатен преглед за откривање на ракот на дебело црево, преку брзи тестови за скриено крвавење во изметот.
Тестовите може да се подигаат кај матичниот лекар, како и во центрите за јавно здравје. Ваквата акција се прави поради фактот што последните 10 години е двојно зголемен бројот на болни од овој вид рак. Годишно во земјава пак заболуваат во просек по 500 лица.
Во рамките на акцијата Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и Здружението „Борка“, почнуваат и кампања со наслов „Не смислувајте изговори“,...
Post Views: 5
40 млади луѓе од 5 различни земји Македонија, Естонија, Словачка, Романија и Полска учат и разменуваат искуства за безбедносните аспекти на возењето. Исто така тие креираат материјали за информирање на младите луѓе во Европа и дебатираат на теми поврзани со сообраќајот. Претседателот на невладината организација ГЕТ ИНОВАЦИЈА од Битола, Ана Дајовска вели дека работат во групи на различни активности. Додава дека ќе се запознаат со процесот на учење, тимската работа, интеркултурното искуство кое што го имаат во Македонија но и да ја запознаат и нашата култура подобро...
Post Views: 0
Кандидатот за пратеник од редовитете на оваа партија за петтата изборна единица, Десанка Матова зборуваше за проблемите во здравството во име како што рече на „немите интелектуалци“.
„Процесот на реформите на здравството трае премногу долго, хаотично и без видлив континуитет што се рефлектира негативно и на пациентите и на вработените во здравството“, истакна кандидатот за пратеник од петтата изборна единица, од редовите на ЛДП, Десанка Матова.
Таа додаде дека перманентната политизација на здравстваото доведе до губење на квалитетот на здрватствените работници во приватно...
Post Views: 5
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта.
Пријавениот, на 10 март оваа година во продавница лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, влегол вооружен и маскиран и барал пари.
Е.Р. со капуљача на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон, на вработените им се заканал дека ќе ги нападне викајќи им : „каде се парите, дајте ги парите, ќе ве убијам“.
За мошне кратко време Е.Р. ја отворил касата, извршил...