Post Views: 0
До крај на месец април годинава треба да биде завршен делбениот биланс на МЈП Проаква. Очекувањата на првиот човек на претпријатието Томе Паскалоски, се дека со поделбата помеѓу Охрид и Струга, претпријатието ќе застане на свои нозе. Иницијативата за поделбата на „Проаква“ што стопанисува со водоводот и колекторскиот систем на Охридско Езеро, односно раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, се провлекува речиси една деценија.
„Моите очекувања се оптимистички . Јас секогаш сум отпимист и не застанувам со оваа постапка. Додека трае мојот мандат и додека...
Post Views: 8
Утово некаде околу 7 часот и 35 минути на патниот правец Охрид – Кичево, се случи тешка сообраќајна незгода, во која настрада едно лице, К.К. 58 год, а возачот М.К. е во животна опасност. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до сообраќајката дошло кога тешко повредениот М.К. управувајќи го своето патничко моторно возило „Ауди“, со охридски регистарски таблички кое се движело во правец према Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде во правец на Кичево, се движел автобус со ученици на Јахја Кемал. Лицата веднаш биле...
Post Views: 9
Денес е Велики Петок, најтажниот и најтешкиот ден во христијанството. Денот на полагањето Исусово во гробот. Според отец Димче Азески пак овој празник е доказ за огромната љубов што Господ ја имал кон неговите чеда затоа што доброволно го примил страдањето, бил распнат на крстот и умрел, а потоа бил положен во гробот за да ги ослободи верниците од ропството на гревот и смртта преку неговото спасително воскресение.
„Она што е забележително за овој ден е што за време на светата богослужба најпрво се извршува симнување на нашиот спасител Господ Исус Христос од крстот, се...
Post Views: 0
На 20.10.2021 во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата со кои тој се врши се веќе претесни. Посебно реагираат оние кои ја користат линијата печијаре-бараки-стобекс. Велат дека поради големиот интерес за користење на градскиот превоз многупати се случува седиштата да се исполнети и дел од патниците да стојат во возилото. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“, превозникот кој го спроведува овој градски превоз, велат дека знаат за овој проблем и прават напори да изнајдат...
Post Views: 4
Денеска, 26-ти јули 2021 година, во 14:40 часот на булевар „Туристичка“, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода лицето Е.Н. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Post Views: 0
Во охридското казино „Адмирал“, синоќа, стружанец со нож тешко повредил две лица од Охрид. Охридската полиција утринава го уапси 35 годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, откако во 1:30 часот, во казиното го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот откако со нож ги нападнал и тешко ги повредил двајцата охриѓани веднаш со своето возило го напуштил казиното и се упатил во правец кај Струга.
„Таму тој се обидел да се самоповреди во пределот на главата...
Post Views: 0
Уште едно охридско семејство од ранливата категорија граѓани, претпразнично изненадени. Тие денес добија клуч од стан во социјалната зграда во Охрид. Неизмерна е радоста на главата на семејството Зоран Ѓуров, кој со неговата сопруга и трите малолетни деца 18 години живееле под кирија.
„Чуството е прекрасно да се добие стан пред голем христијански празник ни дојде како поклон. Кога го добивме решението сите бевме среќни дома бидејќи дојде ден и ние да го решиме нашето нашето животно прашање бидејќи познавајќи си ги нашите финансиски трошоци тоа за нас ќе беше неостварливо„-вели...
Post Views: 2
Владата и ресорните министерства во март и април во повеќе градови на Хрватска ќе има презентации под името “заедно до ЕУ фондовите” со цел да се овозможи полесен пристап за привлекување на пари од Европските фондови, а пред сѐ наменети на претприемачите и стопанството.
Хрватска во финансискиот период 2014-2020 година на располагање ќе има повеќе од една милијарда евра од европските структурни и инвестициски фондови, кои досега државата никогаш ги немала во тој обем за вложување во развој.
Основната цел на владата е преку вложувањата на овие средства да обезбеди работа...
Post Views: 1
Жителите на туристичката населба Трпејца добија повеќенаменско спортско игралиште веднаш до училишната зграда во населбата. Денес тоа беше свечено пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека овој, според него корисен инфраструктурен зафат го покажува балансираниот пристап на локалната за подеднаков развој на сите делови од општина Охрид. Бакрачески потенцираше дека ова е само дел од грижата за правилен раст и развој на најмладите генерации.
„Во изградба на игралиштето, учествуваа двете јавни претпријатија основани од општина...
Post Views: 1
Продолжува праксата елиминирање на иницијативи. Општина Охрид три години наназад нема прифатено ниту една иницијатива на Комисијата за родова еднаквост кај мажите и жените, од социјалната сфера. Оваа забелешка ја упати претседателката на Комисијата, Оливија Пирузева Јанева. И годинава во очи на најголемиот христијански празник Велигден, друг се кити со нашите перја, реагира Јанева. Додава дека нивното барање за спроведувње на оваа иницијатива и годинава паднало во вода.
„Добивме одговор од страна на секретарот на општината, дека овие пакети се предвидени во соработка...
Post Views: 10
Во соопштението испратено до Советот за радиодифузија се вели дека станувало збор за превид и дека за „Пинк“ Македонија е „пријателска земја и намерата не била да ги навреди граѓаните на Македонија, поради што им се извинува на сите граѓани“.
Советот за радиодифузија соопшти дека го поздравува ваквиот гест на „Пинк медиа груп“, но додава дека „за да се вратат програмските сервиси на оваа групација во пакетите на јавните комуникациски мрежи, неопходно е да се исполнат и други услови, кои важат за сите радиодифузери на територијата на Македонија“.
„Пинк медиа груп“ на...