Post Views: 2
Луѓето кои живеаат во Воска еден, на Булевар Туристичка наспроти бензиската Окта бараат спас од кучињата скитници кои ја загрозуваат нивната безбедност. Главоболка им задаваат веќе подолго време чопор од 10 – тина кучиња скитници кои ги напаѓаат луѓето кои живеат во околните згради на Туристичка.
„Едно девојче во последен момент се спаси со затварање на влезната врата од 10- тина кучиња. Човек пред продавницата на тротоарот буквално бил соборен на земја долу, а го спасиле луѓе кои се затекнале во продованицата. Како можело тоа да се заврши е прашање. Во моментот...
Post Views: 2
Во првите пет месеци од оваа година, 40 –те охридски пожарникари, интервенирале во 92 случаи, вели Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица.
Во Охрид, Дебрца и Струга се изгаснале 54 пожари врз објекти, 30 на отворен простор, 8 на сообраќајни средства и 9 пати имало технички интервенции. Сите пожари завршиле со материјални штети, но за среќа без човечки жртви, нагласува Прентоски. Додава, вообичаено на Денот на пожарникарството, кој се прославува денес, се бира и најдобриот пожарникар, но годинава таков избор нема.„Мината година имаше интервенции од...
Post Views: 10
Уметничките дела на доајените на ромската уметност од Унгарија од денес пред охриѓани. Во центарот за култура „Григор Прличев“ во присуство на амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце, како и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес беше отворена изложба на исклучително значајни уметнички дела. Истите добиваат на значење зошто опфаќаат автори со најизразено творештво од 60-те години од минатиот век, време кога се креира ликовната култура кај Ромите, по која се водат и денешните генерации. Амбасадорот Бенце вели дека тој искрено ги поддржува...
Post Views: 1
Предлог проектот е дел од поголем проект на УНДП за климатски отпорно прекугранично управување со ризикот од поплави во сливот на реката Црн Дрим во Западен Балкан (Албанија, Црна Гора и Македонија), насочен кон помагање на овие земји во имплементацијата на интегриран климатски еластичен пристап за управување со ризици од поплави во речните сливови со цел да го подобрат нивниот постоечки капацитет за управување со ризикот од поплави на национално, регионално и локално ниво и да ја зајакнат отпорноста на ранливите заедници во сливот на реката Дрим кон поплави предизвикани...
Post Views: 1
Црвен крст од Охрид ги отвори вратите за најмладите. Денешниот отворен ден е дел од одбележувањето на роденденот на Анри Динан, основоположникот на оваа хуманитарна организација кој е роден на 8-ми мај пред 188 години. Дечињата од градинката “Јасна Ристеска“ и второоделенците од ОУ „Христо Узунов“ одблизу видоа како функционира охридскиот Црвен крст и се информираа за неговите активности и начин на работа.
При посетата на децата ние сакавме на сликовит начин да им прикажеме како работиме и која е нашата цел. Беа обмислени работилници, заедно го гледавме филмот „За една...
Post Views: 2
На барање на Министерството за транспорт и врски утре во период од 9 до 14 часот на територијата на општина Охрид и општина Струга ќе се спроведе дезинсекција против ларви од комарци.
Активноста ќе се спроведе на просторот од Студенчишкото блато до Подмоље.
Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на Општина Охрид.
Post Views: 10
Охриѓани опиени од првата „Фолкорна бајка“. Носени од звуците на најпознатите македонски народни рефрени присутните уживаа во маестралните изведби на младите но неверојатно талентирани интерпретатори. Салата во Центарот за култура беше исполнета до последно место што само по себе говори каква ќе биде иднината на овој детски фестивал по само првото негово издание. Некои од децата кои настапуваа дури за прв пат се сретнале со овие рефрени, некои ги знаеле, некои тогаш се запознале, што говори и за самата идеја на фестивалот, македонската народна песна и тоа огромно богатство...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на на животната средина и природата со отпад“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево.
Пријавениот, подолго време вршел трговија со отпад без да поседува дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 12-ти април оваа година, полициски службеници во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во отпад за стари возила сопственост на С.М. лоциран во близина на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“...
Post Views: 0
NewYork Times објави, пренесувајќи неименуван истражител, дека снимките од пилотската кабина на германскиот авион, кој во понеделникот се сруши во француските Алпи, покажуваат дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не можел да се врати пред почетокот на паѓањето на авионот. Истражителот изјавил дека до тој момент комуникацијата помеѓу пилотите била рутнска.
“Човекот однадвор прво лесно затропал на вратата од кабината, но немало одговор. Потоа удирал посилно на вратата, но повторно немало одговор”, изјавил истражителот за NewYork Times, додавајќи дека звуците упатуваат...
Post Views: 2
НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ Ве покануваат на кино проекции во ВТОРНИК 10.05.2016 година.
-Храбриот Петел во 3D – 17:00 ч./ влез 200 ден.-Пред да се разбудам – 19:00 ч./ влез 150 ден.-Капетан Америка: Граѓанска војна- 21:15 ч./ влез 200 ден.
Post Views: 6
Со полагање на свежо цвеке пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвен крст Зеволде од Холандија одадоа почит на основоположникот на идејата за движенјето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на 8-ми мај пред 188 години.
Затоа и 8 мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Насекаде во светот Мегјународното движенје на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутна за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и подржуваци цо 190 земји...
Post Views: 2
Главната прослава на победата на христијанството ќе се одбележува кон крајот на септември годинава во црквата „Света Софија“ во Охрид, со свечена академија и литургија.
Ова е конечната одлука за тоа како Македонската православна црква-ОА, во своја режија, ќе ја прослави 1.700-годишнината од Миланскиот едикт, зашто не е поканета на официјалната манифестација во Ниш, Србија. Решението го донеле владиците од Синодот на МПЦ, кои пред да одлучат изминатите месеци разгледале неколку предлози.
– Ќе ја одбележиме годишнината од Миланскиот едикт со скромна прослава. МПЦ...