Уред кој телевизорот го претвора во компјутер

Post Views: 3 Откако Google најави неколку новитети поврзани за Chromebook и Chrome OS, сега осмислија и претставија евтин начин со чија помош телевизорот можете да го направите Chrome OS компјутер. Имено, станува збор за Chromebit Asus уред т.е. стик со Chrome опертивен систем и HDMI порта од едната страна и USB 2.0 порта од другата страна. Chromebit е всушност Chromebook спакуван во HDMI стик со големина на чоколадо. Овој уред со своите спецификации претставува прилично пристоен компјутер. Asus Chromebit  е базиран на Rockchip RK3288 SoC  со четиријадрен Cortex-A17 кој работи на...

Continue reading

svr

Тешка сообраќајна несреќа кај Лескоец, повредени две лица

Post Views: 2 Тешка сообраќајна незгода во која се повредени две лица се случи синоќа после 22:00 часот на патниот правец Охрид-Битола, во близина на Лескоец. Возило марка „Голф“ со охридски регистерски таблички, удрило во две помлади лица, кои се движеле со велосипеди по коловозот, по што излетало од патот. Повредените биле итно префрлени во охридската Општа болница. Неофицијално нивната здравствена состојба е стабилна и се надвор од животна опасност. Од СВР Охрид најавуваат повеќе информации за во текот на денешниот ден.

Continue reading

Поголемо трпение кај наставниците за децата со дислексија

Post Views: 7 Потешкотии во читањето, често пишување на буквите наопаку како да се гледаат во огледало, неможност за следење на секвенци, решавање на математички задачи, а во исто време во најголем дел се работи за деца со натпросечна интелегенција. Ова се само дел од најпрепознатливите симптоми на состојбата наречена дислексија. Иако за неа не постојат направени истражувања во земјава за тоа колкав број од децата се носители на оваа состојба, сепак според помали истражувања направени на ниво на град Скопје, во средните училишта, се дошло до релативна бројка од 17 проценти од сите...

Continue reading

monstrum

Продолжува судскиот процес „Монструм“

Post Views: 1 Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска. Иако последните рочишта за случајот „Монструм“ беа затворени, се очекува денеска судењето да биде отворено за јавноста и да бидат испрашани сведоците на трагичниот настан. На претходните рочишта беа разгледувани посебните истражни мерки, односно транскриптите од телефонските разговори на обвинетите. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во „Монструм“ , сè уште се наоѓаат...

Continue reading

Истражувачко новинарство во екологијата

Post Views: 3 Новинарите и медиумите парцијално ги познаваат проблемите од животната средина и така известуваат. Првата од четирите тематски работилници за развој на капацитети кај одбрани чинители поврзани со развојот на еколошкото истражувачко новинарство ја обработува легислативата за пристап на информации и учество во донесувањето на одлуки, појаснува проект менаџерот Кирил Ристоски. Според неговите размислувања еколошките теми и проблеми малку се застапени во медиумскиот етер и тоа во лимитиран временски период во текот на годината. „Застапеноста на еколошките теми и проблеми...

Continue reading

Radomir Andric

Радомир Андриќ, лауреат на „Година на есејот“

Post Views: 9 Струга во знакот на меѓународната манифестација „Година на есејот“. Оваа реномирана манифестација годинава го бележи своето петто издание. Организатор е Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, а по повод 150 годишнината од објавувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Разме Кумбароски кој во рамките на одбележувањето, освен во тимот на организатори беше вклучен и со промоција на својата книга „Минатата година во Енхалон“, рече дека Струга е спремна за меѓународната манифестација „Година на есејот“. Годинешниот лауреат Радомир Андриќ, вели дека чест е да се...

Continue reading

Ohrid Film Fest прв интернационален фестивал на ангажиран филм во Охрид

Post Views: 366 Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски, ќе започне новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот. На 10ти јуни ќе биде означен почетокот на првото издание на новиот интернационален филмски фестивал кој ќе се случува во Охрид, наречен едноставно, Ohrid Film Fest. Овој прв филмски фестивал после случувањата со Францускиот филмски фестивал ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Ohrid Film Fest воедно во фокусот ќе ги стави...

Continue reading

Заврши јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

Post Views: 13 Синоќа со настапот на пејачката група и оркестарот од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид во Трпејца успешно беше заокружено десеттото јубилејно издание од Културно – забавното лето „На зајдисонце“. Под уметничко раководство на Татјана Тренеска младите изведувачи и инструменталисти уште еднаш преку својата маестрална изведба ги потсетија присутните на македонските музички и песнопојни бисери. Ретко доживување, особено за младата публика и странците беа народните инструменти, кавал, тапан и тамбура.Оркестарот беше засилен во инструменталниот дел со проф. по музика...

Continue reading

Холандски студенти ќе го промовираат Охрид

Post Views: 3 Шеесет студенти од холандските универзитети снимаат промотивен материјал за туристичката понуда на Охрид. Македонија оваа година е избрана за земја каде се одржува годишно собрание на најдобрите холандски академци кои студираат туристичка промоција и маркетинг. Првите впечатоци на студентите и воопшто на секој турист кој го посетил туристичкиот бисер Охрид се импресивни. Како што и самите кажаа нив ги опива прекрасната глетка на синилото од Охридското Езеро, зеленилото на НП Галичица, староградската архитектура, а гостопримството и љубезноста на месното население сметаат...

Continue reading

Зеленчукот и овошјето од голем број маркети и продавници, изложено на улица

Post Views: 5 Голем дел од маркетите и продавниците во градов зеленчукот и овошјето кои се за продажба го имаат изложено на тротоарите кои се наоѓаат пред нив, се жалат потрошувачите. Тие додаваат дека покрај што овие прехрамбени производи се изложени на секакви временски влијанија тие се загадуваат и со издувните гасови од автомобилите кои поминуваат на сообраќајниците. Од Организацијата на потрошувачи на РМ велат дека на ваков начин се крши законот и граѓаните слободно да  пријават за сите воочени недоследности при продажба на овошје и зеленчук. Доколку потрошувачите се посомневаат...

Continue reading

Ударните дупки, сеуште голем проблем за возачите

Post Views: 0 Ударните дупки, ноќна мора на секој возач. А во нашиов град за жал сеуште ги има на неколку фрекфентни улици, Кленоец, населба бараки, АСНОМ итн. Досега две поголеми акции на крпење ударни дупки се реализиртани на територијата на општина Охрид, вели портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Дел од централното и периферно градско подрачје беше опфатено со овие две акции во првата фаза, останатиот дел ќе бидат опфатени во втората фаза. Во рамките на првата акција за санација на ударни дупки, прекопи, навлаки низ улиците во општина Охрид,...

Continue reading

Сцени на моќ на природата од вселената

Post Views: 2 Разорната моќ на смртоносниот тајфун Maysaku кој во Микронезија однесе пет животи е видлива дури и од вселената. Италијанската астронаутка Samantha Cristoforetti со фотографии го забележа поминувањето на тајфунот над островот Chuuk. “Ова заслужува почитување, дури и од вселената”, напишала Cristoforetti со објава на фотографии на социјалните мрежи, пренесува News.com.au. Тајфунот Maysaku во следните три дена би требало да пристигне до источниот брег на Филипините, а властите поради тоа издале предупредување до жителите како и до туристите. На Филипините војската е во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top