Post Views: 2
Најпознатиот македонски фестивал „Охридско лето“ ќе ја претстави програмата за новото – 56-то по ред издание.
Програмата ќе биде официјално претставена утре на прес конференција на која ќе присуствуваат: министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски и селекторите на уметничката програма Гордана Јосифова – Неделковска и Ѓорѓи Јолевски.
Директорот на фестивалот Арсовски по именувањето најави дека и годинава публиката ќе има можност да види и слушне некои од врвните имиња од светот на класичната музика. За во иднина...
Post Views: 0
Се поголем број на туристи престојуваат во новоизградените конаци на манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Прекрасната природа, мирот, тишината, пејсажите, но и убавиот манастирски комплекс се чини би привлекле секого барем за момент да дојде и да ужива во несекојдневни глетки. Се повеќе туристи се чини дознаваат за ова прекрасно место, а голем удел во тоа имаат и луѓето од црковниот одбор на манастирот „Св.Спас“ кои изминатиов период вложија напори за промоција на манастирскиот комплекс пред странските туристи.
„Туристи има од секаде. НИе повеќе внимание посветуваме...
Post Views: 0
Во Тикрит, родното место на Садам Хусеин, кој од средината на минатата година се наоѓаше под окупација на Исламската држава, е пронајдена масовна гробница и се верува дека во неа се наоѓаат најмалку 1.700 ирачки војници, јавува CNN.
Исламската држава порано истакнуваше дека 1.700 војници, заробени во јуни минатата година во близина на ирачката база кај Тикрит, се екзекутирани во кругот на палатата во која е закопан екс диктаторот.
Форензичарите досега откопале 20 тела, а пронајдени се 12 гробови.
Сведокот, еден ирачки војник кој за чудо го избегнал масакрот преправајќи...
Post Views: 5
Исклучителниот мултимедијален артист, продуцент, писател, и еден од најдобрите актери од овие простори, неповторливиот Лазар Ристовски ќе биде Цар Самоил во филмот режиран од нашиот Антонио Митриќески. Оваа нова соработка и ново филмско остварување било договорено во текот на вчерашниот ден, а според зборовите на Ристовски истиот ќе се снима наредната година. Ристовски изрази надеж дека ексклузивната вест за филмот за Цар Самоил и тоа дека токму тој ќе ја игра главната улога ќе предизвика радост кај македонската публика, онака како што предизвикала и кај него.
„Она...
Post Views: 0
Зголемен е интересот на граѓаните за купување на станови во Охрид. Откако банките ги намалија каматите за станбените кредити, интересот на граѓаните за купување станови е се поголем. Повеќето комерцијални банки, од пред три месеци, за три отсто ја намалија каматната ставка за станбените кредити, што сепак тоа се отслика врз интересот на купувачите, сметаат од агенциите за недвижности. Наташа Спасеска сопственик на Агенција за недвижнини, открива дека сеуште најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, популарните Билјанини Извори и вдолж брегот на Охридското...
Post Views: 14
Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори.
На вчерашниот состанок во Луксембург, Советот ја одложи одлуката за нашата држава, што значи дека конечниот исход ќе го дознаеме на самитот закажан за 28 јуни во Брисел.
По завршувањето на состанокот, заменик-претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи Емон Гилмор, како претседавач со Советот за општи работи, посочи дека на министрите за надворешни работи им биле претставени извештаите на Комисијата за Македонија,...
Post Views: 0
Монографијата „Охридскиот бисер во фамилиите Филеви и Талеви“ го виде светлото на денот. Таа денес беше промовирана во кафулето Аквариус пред многубројни гости , љубители на охридскиот бисер и на пишаниот збор. Монографијата е во издание на Националната установа за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, а автори се Оливера Мишева, етнолог и кустос при Завод и музеј и Никола Митровиќ, Доктор по историски науки. Тие на самиот почеток кажаа по неколку збора како настанала оваа монографија и што се во неа е опфатено. Навлеговме малку во тајните на правењето...
Post Views: 1
Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов.
Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...
Post Views: 2
Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Чешка по примерот на соработката во областа на културата и развивањето на пријателските односи помеѓу двете земји. Ова меѓу другото беше пренесено денес од страна на претседателите на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и на Република Чешка, Милош Земан на отворањето на македонско-чешкиот бизнис форум во Охрид. Според претседателот Иванов, традиционално добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Чешка треба да се пресликаат и во областа на економската соработка.
“Особено значајна за двете држави се...
Post Views: 4
Од денес започнува скрининг-тестирањето на населението по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава, со цел да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.
Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници и тоа првично во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски минатата недела информираше дека вакво тестирање...
Post Views: 1
Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски и хрватскиот режисер Зрињко Огреста вечерва започнува новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот, Охрид Филм Фест. Овој прв филмски фестивал од ваков вид во нашиот град, ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Охрид Филм Фест воедно во фокусот ќе ги стави студентските и младински филмови со подеднаква застапеност и на играни и на документарни филмови. Освен богатата филмска програма,...
Post Views: 20
Со познати италијански арии и традиционални песни од Неапол гостуваат тенорот Алесандро Фантони и пијанистот Џорџо Мартано на Фестивалот Охридско лето. Тие се дел од традиционалната Италијанска вечер која се одржува во рамките на Фестивалската програма во Св. Софија. За првпат се во Охрид и Македонија. Оперскиот пејач Фантони е воодушевен од акустичноста на катедралната црква Св Софија. Многу убаво место и среќен сум што ќе пеам тука, вели Фантони.
Ќе исполнам различни оперски арии. Сличен репертоар како на Павароти, со различни арии, Риголето, Кавалерија Рустикана....