• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Денес ќе биде објавена програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“

Денес ќе биде објавена програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“

Најпознатиот македонски фестивал „Охридско лето“ ќе ја претстави програмата за новото – 56-то по ред издание.

 |   | 

Најпознатиот македонски фестивал „Охридско лето“ ќе ја претстави програмата за новото – 56-то по ред издание.

Програмата ќе биде официјално претставена утре на прес конференција на која ќе присуствуваат: министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски и селекторите на уметничката програма Гордана Јосифова – Неделковска и Ѓорѓи Јолевски.

Директорот на фестивалот Арсовски по именувањето најави дека и годинава публиката ќе има можност да види и слушне некои од врвните имиња од светот на класичната музика. За во иднина Арсовски има идеи и планови, но објаснува дека нема да експериментира со една институција која наметна високи стандарди. Новитетите ќе бидат конструктивни и во насока на „зачинување“ пред се’ во делот на off-програмата.

– Има неколку врвни оперски светски имиња, кои би сакал во иднина да ги доведам да настапуваат на фестивалот. И мислам дека ќе успеам во тоа. Веќе воспоставив првични контакти. Инаку, би сакал да внесам мали промени и да ја заживеам малку повеќе off – програмата, во смисла на тоа да донесеме популарни музички групи, бендови и слично. Во однос на менаџирањето на установата, на досегашната директорка, со која и официјално ќе се сретнам, би сакал да и’ се заблагодарам за професионализмот, одличната работа и тоа што го остави фестивалот „Охридско лето“ на здрави финансиски нозе, напомена неодамна Арсовски.

Според новиот директор на фестивалот, ќе се посвети внимание и на регулирањето на концентрацијата на продажните места на билети за настаните на „Охридско лето“. Посебен продажен центар на влезници ќе фукционира и во Скопје, покрај Охрид.

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и’ заврши четиригодишниот мандат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top