Post Views: 0
На 09.01.2022 година од 14 до 19 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 11 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење (03 надвор од населено место и 08 во населено место).
Во Кичево, регистрирани се 06 возачи кои, во населено место управувале со брзина, поголема од дозволената. За сторениот прекршок, издадени се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 2. јули, сабота, во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Св. Наум Охридски.
На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Додека на 3. јули, недела, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Post Views: 7
Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Од денес (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.
Post Views: 10
Охриѓани и ова лето вознемирени од појавата на белата пеперутка. По минатогодишното лошо искуство со овој инсект сега има повторно нивна наезда. Овој вид на инсект не само што ги напаѓа и уништува шумите туку е опасен алерген за луѓето. Иако на оваа тема ТВМ Телевизија работеше уште во месец февруари со цел да се сензибилизираат надлежните за да се бара решение за уништување на инсектот од ресорното министерство тоа не се случи. Сега има повторно апели и заемни обвинувања кој е виновен за појавата. Оваа ситуација е актуелна па се крева гласот на политичарите....
Post Views: 0
Со новиот закон за општа управна постапка се намалуваат бирокатските процедури, се зголемува ефикасноста и се намалуваат трошоците за граѓаните и за компаниите, а исто така за прв пат системски се уредува водењето на постапка преку едношалтерски систем кој ќе овозможи, на барање на странките, сите управни дејствија во конкретната постапка да ги спроведе јавниот орган. Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и директорот на Управниот државен инспекторат, Ромео Деребан денес одржаа работен состанок со градоначалникот на општина Охрид,...
Post Views: 2
Прашањето за нов лидер на Волксваген доведе до ескалација на конфликтот помеѓу двајцата најмоќни луѓе на најголемиот европски производител на автомобили.
Невобичаен јавен конфликт за компанијата Волксваген изби откако претседателот на компанијата, Ferdinand Piech, во германските медиуми јавно се дистанцирал од извршниот директор Martin Winterkorn. Piech е еден од патријарсите во компанијата од Волфсбург и во нејзиниот врв е веќе 22 години, од што 9 како главен извршен директор. На Winterkorn договорот му истекува кон крајот на идната година, а јавно дал до знаење дека...
Post Views: 0
Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици, забележуваат дел од градските избраници. Јован Стојаноски опозициониот советник вели дека никаде ја нема бомбастично најавуваната сообраќајна студија веќе четири години од страна на актуелното раководство на градската власт.
„Нема никаков сообраќаен проект, а тоа повлекува и соодветна прекршочна постапка која надлежниот орган понатака треба да ја поднесе. Она што граѓаните сосема јасно го знаат е што години наназад беше најавувана...
Post Views: 0
На денешната седница на охридскиот Совет, за дополување на дневен ред со точка, Предлог одлуката за донесување на програма за времени објекти, не помина. Тоа отвори бурна расправија помеѓу охридските советници, кои првично изразија сомнеж и од двете страни во врска со гласањето. Градоначалникот Никола Бакрачески образложи дека пројавувањето на сомнеж при гласањето и барање поединечно гласање е демократско право, но според него советниците од опозицијата требало да ја наведат причината зошто се против ставање на дневен ред на точката која се однесува на програмата за...
Post Views: 6
И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права, а во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Главна цел на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала...
Post Views: 8
Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денес 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка.
Настанот ќе се одржи во просториите на општина Охрид, со почеток во 12.00 часот.
Post Views: 21
Соло пеачи од земјава и надвор од неа, во Струга. Тие една седмица учествуваат на семинарот по соло пеење, кој годинава се одржува по четврти пат. Професор Марија Муратовска Наумова, вели дека интересот за овој семинар од година во година е се поголем, бидејќи семинарот овозможува високостручно оспособување за оние кои имаат афинитет кон соло пеењето.
Наумова вели дека трошокот за учество на семинарот соло пеачите сами си го подмируваат, а од нивна страна континуирано се правеле напори да обезбедат дел од средствата, но засега ништо од тоа. Таа вели дека максимално...
Post Views: 0
Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите за електронски комуникации. Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените се намалувале кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји биле намалени...