kuklena-pretstava

Преку куклени претстави, учат за дискриминацијата

Post Views: 0 Локалната агенција за развој од Струга, продолжува со реализацијата на проектот „Немој“. Преку единаесет кулклени претстави низ основните училишта во Струга и околните рурални заедници, најмладите  ќе учат како да ја препознаат дискриминацијата во секојдневниот живот. Неодамна основците од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани учеа како да ја препознаат дискриминацијата, но од страна на своите наставници беа подучувани и како да реагираат кога ќе се сретнат со истата. Целта на претставите е  да им помогне на присутните да ги препознаат негативните дискриминаторски...

Continue reading

Локалната подели 70 пакети на социјално загрозени граѓани

Post Views: 0   Денес 70 семејства од ранливата категорија граѓани на Охрид, добија хуманитарни пакети. Тоа е во рамки на одбележување на Неделата на борба против гладта, која Локалната самоуправа на Охрид традициионално ја спрроведува во соработка со Црвен крст.  Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека немаштијата и гладта потсетува на тоа дека треба да се работи во насока на отварање на поголем број фабрики каде луѓето би си ја заработувале својата плата „ Оваа недела има две димензии, едната е во будењето на свеста на сите граѓани кои сакаат да  помогнат на граѓаните на...

Continue reading

Зјача: Музиката е рефлесија на животот

Post Views: 7 Силни инспиративни импулси ѝ пренесоа на публиката членовите на познатиот ZZ Quartet кои вчеравечер музицираа во предворјето на црквата „Света Софија“ во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот беа оригинални композиции на гитаристот во составот, Ратко Зјача, кој е еден од најнаградуваните хрватски гитаристи и композитори. Освен него, настапија и Вид Јамник на удиралки, Мартин Ѓаконовски на акустичен контрабас и тапанарот Јоже Задравец. Изведовме музика од моите најрани албуми, еден пресек на мојата работа во изминатите 10 години....

Continue reading

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид има нов претседател, д-р Љубен Арнаудов

Post Views: 11   Д-р Љубен Арнаудов е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид. Така одлучи Извршниот комитет на партијата рано утринава. „Ќе стојам гордо на чело на охридскиот огранок ова партија, работејќи исклучиво во интерес на граѓаните“, истакна Арнаудов. Тој доаѓа на местото на Атанаско Михаилов кој оваа функција ја вршеше 6 години. „Чувствувам голема одговорност да некои работи и идеи кои цел живот сум ги носел, да добијам шанса да ги реализирам во добробит на партијата, граѓаните на Охрид и целата наша татковина. Многу изненадувачки беше, ми треба време малку да се...

Continue reading

Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата

Post Views: 0 11 столетија се напојуваат продолжувачите и почитувачите на делото на Св.Климент, а сите ние сме наследници на чудесно и бесценето духовно богатство коешто не познава граници и кое колку повеќе се користи, толку повеќе се зголемува. На конференцијата која деновиве се одржува во Охрид,насловена како „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, обраќање пред учесниците имаше и поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој истакна дека Свети Климент е меѓу најзначајните за началото на црковното организирање...

Continue reading

Последна акција на Комуналец за подигање кабаст отпад

Post Views: 0 J.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14„Радојца Новичиќ„. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Согласно годишниот...

Continue reading

Почина човекот кој го изведе најкрвавиот државен удар

Post Views: 4 Поранешниот претседател на Турција, Кенан Еврен, кој дојде на власт со државен удар во 1980 година и владееше повеќе од 9 години со цврста рака, почина во болницата во Анкара во 97 година од животот, јави новинската агенција Анадолија. Првиот пучист на кој му се судеше за злосторство против државата и кој во 2014 година е осуден на доживотн затвор, се лечеше во воената болница GATA од 2012 година. Неговата здравствена состојба неодамна се влошила и дишел со помош на апарати. Државниот удар кој го изведе беше најкрвав досега – стотици илјади луѓе беа уапсени, околу 250.000...

Continue reading

Охридските советниците прашува градоначалникот одговараше

Post Views: 3 Голем број прашања се слушнаа  од говорницата на денешната седница. Градските избраници се интересираа за состојбите во скоро сите сфери на живеењето кои ги засега   охриѓани. Меѓу големиот број прашања  беше и прашањето на независниот советник  Љупчо Настоски за  долгот на општината кој се споменуваше дека изнесува некаде околу 50 милиони евра. „Сакам да слушнам колкав е долгот во моментов дали е зголемен или намален “, праша независниот советник Настоски. Градоналникот Никола Бакрачески одговори дека поконкретни информации советникот ќе добие во писмена форма , заради...

Continue reading

Ветената серија инвестиции за изградба на капитални објекти во Охрид е во фаза на реализација

Post Views: 1 Едно од советничките прашања на денешното издание на седницата на советот, беше и она на заменик градоначалникот Ангел Jанев, за тоа до каде е рализацијата на капиталните проекти во Охрид. Прашање за кое Јанев рече дека постојано се поставува од граѓаните на Охрид, одговорот се гледа, но многу малку се зборува на таа тема. „Капиталните инвестиции за овие кои се ветени за кои граѓаните само претпоставуваат би сакал да ни кажете во која фаза се овие проекти и до кога се очекува нивната реализација“ запраша Јанев. Овие проекти се во насока на подобрување на животот на охриѓани...

Continue reading

scala

Почуствувани два земјотреси во Македонија

Post Views: 1 Апаратите на Сеизмоошката опсерваторија про Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрирале два земјотреси чии епицентри потекнувале од пехчевското епицентрачно подрачје. Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресите се почувствувал во 6:23 часот и 6:45 часот во Пехчево, Берово и околината. Земјотресите биле со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998. {loadposition content9}

Continue reading

Охрид домаќин на регионална манифестација „Денови за доживотно учење“

Post Views: 0 Охридскиот работнички универзитет Кузман Шапкарев домаќин на регионалната манифестација за одбележување доживотно учење. Образованието и доживотното учење ги опфаќаат сите форми од формално и неформално, информално и доживотно учење, напоменува Славица Ристеска  директор на  работничкиот универзитет.   „ Целта на оваа манифестација е да се поттикне поединецот и свеста на секој дека потребата  од доживотно учење е во центар на секое поединечно суштество  во образованието и во подобрување на животот и егзитенцијата“, вели Ристеска. Нашите курсеви имаат потреба да ги посетуваат...

Continue reading

volontiranje

Не е лесно да се биде волонтер

Post Views: 2 Младите осмооделенци од струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со своите пријатели од Словенија, ги прават првите чекори во волонтерската работа, соочувајќи се со првите предизвици но и задоволства од оваа работа. Основците од Струга и Словенија заедно учат за предизвиците на волонтерската работа. Волонтерите на виножито, според името на самиот проект, во следните неколку дена, ќе учат како да работат со децата со посебни потреби, како да се грижат за својата најблиска околина,а и за многу други вештини, вели Маргарита Рувинова Ническа – координатор на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top