Post Views: 0
Владата на Република Северна Македонија на 49-та седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.
За реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна...
Post Views: 1
Со проект на УНДП и ЕУ во висина од над 4 милиони евра ќе се подобрува управувањето со заштитените подрачја во Р Македонија и ќе се поттикнува одржливото искористување на природните ресурси. Инвестирањето во заштитата на природата носи економски придобивки за општините, а точно во таа насока е и овој проект истакна Анита Коџоман раководителот на програма за животна средина, на денешниот Информативен ден во Струга. Очекувањата се дека НВО и локалните заедници ќе прават партнерства кои ќе помогнат не само да се зачува природата туку истовремено да се генерираат средства...
Post Views: 3
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни теренски активности во повеќе сегменти од доменот на своето работење.
Со ангажирање на специјална механизација извршено е расчистување на неколку диви депонии во туристичката населба Лагадин и во селата Елшани и Долно Лакочереј. Исто така, извршено е и подигање на несоодветно депониран кабаст отпад од неколку локации во градот.
Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина...
Post Views: 5
Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус.
Постот споделува фотографија од напис објавен на сајтот „The BL“ на 09.07.2021 година. Уште во првата реченица, написот, повикувајќи се на „локален извештај,“ нагласува дека „многу мали деца починаа откако им беше инјектирана вакцината ковид-19 во Индија“.
Повеќе од 2.000 деца низ Индија...
Post Views: 23
Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг вети дека ќе им исплати надомест на семејствата на загинатите во несреќата на Лајон Ера 2018 и Етиопијан Ерлајнс во 2019 година.
Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе биде завршено документирањето, соопшти Боинг.
Фондот е само дел од зделката што Боинг ја склучи 2,5 милијарди американски долари со Министерството за правда, бидејќи обвинителите ја обвинија компанијата за лажно издавање на сертификати за безбедност на авиони. Договорот му овозможи...
Post Views: 0
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува...
Post Views: 0
Препараторската дејност во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ е замрена. Речиси 15 година под разни изговори оваа дејност како да е подзаборавена за ТВМ открива единствениот препаратор од оваа Установа, Васко Јолески, кој работи во Биолошкото одделение од музејот. Јолески со голем ентузијазам најавува дека подготвен е она што неколку години било прекинато да го возобнови, со цел струшкиот музеј повторно да стане туристичка атракција број еден како што тоа некогаш било во екс Југословенските простории.
„Еве сега со нови сили и кадри ви природно научниот музеј се надевам...
Post Views: 1
На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишија од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“.
Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а информацијата се претставува како да била добиена од наводен македонски државјанин што живее во Јапонија.
Нормално на вести и телевизија ни збор за овој чин, меѓутоа има интернет, има и видеа од овие луѓе да не мислите...
Post Views: 6
Пад на шведската влада – 181 од 349 пратеници во шведскиот парламент во Стокхолм денеска гласаа недоверба за премиерот Стефан Левен. Тој мора во рок од една недела да поднесе оставка или пак да се одлучи за нови парламентарни избори.
Партијата на левицата минатата недела најави изјаснување за доверба на владата во знак на протест против владиниот план за либерализација на пазарот на изнајмување станови, а предлогот денеска го ставија на гласање десничарите. Досега Партијата на левицата редовно ја поддржуваше малцинската влада на Социјалдемократите и Зелените. Покрај...
Post Views: 2
Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за и...
Post Views: 0
Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори.
„ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко.
Противкандидатот за градоначалник Зијадин...