Post Views: 18
Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се вели дека мРНК во вакцината предизвикува канцер. Авторката на постот...
Post Views: 0
Вевчанските василичари ја продолжуваат карневалската традиција со вековните обичаи. Голем број гости и маскирани учесници со дефиле го одбележаа доаѓањето на православната нова година по јулијанскиот календар. Според традицијата карневалот започнува во пресрет на Нова година според стариот календар на празникот Василица , а старта година се испраќа со најразлични маски.За време на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода во „поставување на светот наопаку“, слобода во која до израз доаѓа креативноста и духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање....
Post Views: 7
Од денес НО „Анималија“ отвори штанд на кој ќе се прават куќарки за бездомните кучиња. Локацијата е во близина на кафулето Конект па сите љубители на животните кои сакаат да им помогнат и да ги заштитат од овие ниски температури можат да се приклучат на акцијата.
Сакам да им заблагодарам на маркетите Тамаро и Тинекс кои донираа голем дел од материјалите од кои ќе се прават куќарките. Исто така добивме донации од најлони и прекривки од граѓаните и од Црвен крст. Сите тие се собрани во пунктот на Анималија и од нив ќе изработиме куќарки кои ќе ги поставиме низ целиот град...
Post Views: 0
Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше презентиран...
Post Views: 9
Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на езерото.
Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.
Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе изгледа...
Post Views: 0
Американскиот милијардер Kirk Kerkorian, кралот на Лас Вегас, некогашен холивудски магнат, почина во 98 година од својот живот, објави портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer (MGM).
Тој е роден во Калифорнија во 1917 година во семејство на американски имигранти, го напушил образованието и работел како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер. За време на втората светска војна се придружува на Канадското воздухопловство, а потоа ја основа компанијата за приватни авиони кои ги поврзуваше Лос Анѓелес и Лас Вегас, а продажбата во 1968 година му овозможува...
Post Views: 3
Од студеното време пукна хидрант во трговскиот Центар „Градско Пазариште“. Неколку минути огромна количина на вода прскаше од цевката на овој уред. И покрај тоа што беше заштитена со ткаенина цефката попушти поради температурата која деновиве паѓаше длабоко под нулата. Екипата на Работна Единица на Водовод пристигна неколку минути после дојавата. Раководителот на дистрибуција за вода Влатко Иваноски, во телефонска изјава за ТВМ истакна дека ваквите проблеми биле очекувани и сметаат дека нивниот број ќе се зголемува.
„Сите екипи работат на отстранување на дефекти што...
Post Views: 0
Со новите измени, кои стапија во сила од вчера, се гарантира поголема ефикасност и мобилност на органот на прогонот во гонењето на сторители на кривичните дела.
Овие измени имаат за цел да ги направат обвинителите подостапни за граѓаните, да ги отстранат политичките влијанија и пред се’ да им гарантираат правичен пристап на странките во постапката.
Од вчера, според новите измени во Законот за кривичната постапка, главната улога му се доверува на јавниот обвинител, и тој ќе ја води со помош на правосудната полиција. Функцијата Истражен судија се укинува и место него се...
Post Views: 2
Семејствата Гигер, Неданоски и Тасески годинава имаа најбаво украсени дворови во Охрид. Новогодишните и божикните празници за овие семејстасекогаш преставуваат голем мотив за своите дворови да ги претворат во вистинска бајка. Од нивната убавина секојдневно се воодушевуват случајните минувачи, а не остана имуна ниту општинската комисија која веќе години наназад распишува конкурс и избира најубаво украсен двор во градов. Годинава на конкурсот се пријавиле девет учесници па не било лесно да се избере кој двор е најубав.Им се заблагодаруваме на учесниците за нивните убаво...
Post Views: 0
Охриѓани солидарни за ублажување на несреќата што го снајде семејството Садик. На апелот за помош се одзваа и охридските угостители. Охридскиот Mr.I покренува акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој го пеплоса нивниот дом.
Оваа сабота со почеток во 14:00 од Mr.I најавуваат целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани. За забавата ќе се погрижат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони.Исто...
Post Views: 3
Пакетчиња за оние кои најповеќе се радуваат. Пратеничката Лилјана Затуроска, заедно со Дедо мраз и група на нејзини сопартици, поделија околу 100 тина новогодишни пакетчиња. Импровизираниот амбиент со новогодишна елка преполна со подароци, очигледно ги исполни очекувањата на најмладите. Пакетчиња имаше за сите деца кои беа тука, но секако приоритет им се даде на оние за кои биле специјално наменети. Затуроска вели дека годинава ова е 15 хумана акција од ваков карактер за ранливите категории на деца.Претседателот на „Порака Нова“ Соња Маџоска, искажа голема благодарност...
Post Views: 0
Деновиве од ниските температури во опасност беа дивите животни и птиците. За среќа од студот досега на ловните терени и по планините не се пронајдени измрзнати животни и птици, информираат од Ловното здружение Охрид. Тие се концесионери на 50 000 хектари и се задолжени да го прихрануваат дивечот . Располагаат со 4 ловишта од кои две за ситен и две за крупен дивеч. Со подготовките почнале пред почетокот на нова година и навреме ја распределиле прихраната, информира ловникот Зоран Целакоски.
„Сместивме храна околу 19 тони енергетска храна најмногу пченка. Овие...