Голема комунална акција на ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 1 По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” чистеа на ул. “Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето. Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с. “Косел” до “Прентов мост”, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на смет. Покрај тековните активности, екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, беа вонредно ангажирани на делот кај “Горица 3” и блиската...

Continue reading

Vodici

Ристе Талески по трет пат го фати крстот во Струга

Post Views: 14 Ристе Талески го фати чесниот крст во Струга. Тој по трет пат го доживува овој настан, како главен носител на традиционалниот христијански ритуал. Младиот Талески, со помешани чуства на радост и возбуда, изјави дека чест му е што крстот се падна во негови раце. Тој вети дека заедно со неговата тајфа, со крстот ќе ја прошета цела Струга. Златното ланче со крст, подарок од црквата Св. Ѓоргија од Струга, на вратот на Талески го стави митрополитот дебарско – кичевски, г-дин Тимотеј. Годинава оваа црква комплетно го поддржа фрлањето на крстот и осветувањето на водите во...

Continue reading

Македонија и Охрид промовирани во Monterrey MEXICO

Post Views: 0 Охриѓанецот Емил Балески ги промовираше Македонија и Охрид на меѓународниот настан во градот Monterrey во Mеxico во рамките на интернационалната вечер на студенти од целиот свет. Целта на оваа интернационална вечер е промоција на различни земји и градови од каде што доаѓаат студентите. На овој меѓународен настан присутвувале учесници од различни земји од сите континети. Сите земји учеснички на настанот имале свој штанд на кои ги претставиле својата земја и својот град, традициите, подготвиле национални јадења, а на штандовите имало и национални пијалоци, како и промоција...

Continue reading

ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ ДОНИРАШЕ ОГРЕВНО ДРВО

Post Views: 2 Водени од принципите на хуманост и пружање помош на оние на кои им е најпотребно, ЈП „Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на згрижувачко семејство oд Охрид. Оваа иницијатива се реализираше во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул. „Македонски Просветители”.   Фото/ЈП Охридски Комуналец

Continue reading

Ново осветлување за црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 27 Денес 14-ти февруари, по вечерната богослужба во чест на празникот Св. Трифун, свечено ќе биде ставено во употреба новото осветлување во црквата Св. Богородица Перивлепта. Иницијатор на акцијата е Лајонс клубот „Лихнидос“, а донатор на осветлувањето е фирмата ДАСС Инженеринг од Охрид. Минатата година заврши процесот на возобновување на фрескоживописот на оваа црква. Проектот овозможи целосна рехабилитација на манастирскиот комплекс, кој е еден раритетен пример на нашата сакрална архитектура. Целиот процес траеше седум години, период во кој се заштити првото автентично...

Continue reading

ОХРИД ГО ЧЕСТВУВАШЕ ВЕЛИКАНОТ ЖИВКО ЧИНГО

Post Views: 1 Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација “Вечер на Живко Чинго“, посветена на големиот писател. Манифестацијата беше одбележа со доделување на наградата за најдобар расказ на авторката Јована Матевска Атанасова за расказот “Пура во Осака“ и промоција на антологиската “Книга за Чинго“ подготвена од проф. д-р Димитар Пандев и проф. Славе Ѓорго Димоски. Од името на Општина Охрид пред присутните се обрати, претседателката на советот на општината, Живка Ангелоска. Почитувано семејство на Живко Чинго, почитувани дами...

Continue reading

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште

Post Views: 3   Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се  направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...

Continue reading

Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 1   Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против нив. „Ние...

Continue reading

Грчкиот парламент одобри референдум за 5 јули

Post Views: 2 Грчкиот парламент го одобри предлогот на премиерот Алексис Ципрас да се одржи референдум на 5 јули на кој граѓаните ќе одлучуваат за условите на меѓународните заемодавачи во замена за понатамошна помош, известуваат новинските агенции. Пратениците го поддржаа предлогот на премиерот со 178 гласа за и 120 против.Грчкиот премиер смета дека “не”на референдумот ќе ги зајакне позициите на преговарачката моќ. “Со чисто “не” ќе пратиме порака дека Грција нема да се предаде”, рекол Ципрас. Тој потсетил и дека Европјаните повеќе пати на референдуми ја изразувале својата волја....

Continue reading

Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1

Post Views: 10 Десетина канделабри на пешачката патека од мостот према Горица1 немаат капаци за заштита на жиците за струја. Од Локалната велат дека не станува збор за недокомплетирање на канделабрите или чекање на капаците дополнително да се монтираат бидејќи тие одат заедно со целиот столб, туку дека ова е дело на несовесни граѓани кои ги крадат заштитните капаци. Екипи од Локланата во изминатиов месец во два наврати интервенирале на оваа патека, но појавата продолжува и понатаму. Ни преставува голем проблем во Секторот за комунален развој бидејќи ние канделабрите ги нарачуваме...

Continue reading

lekovi

280 лекови по нови, намалени цени

Post Views: 9 Од задутре лековите на позитивната листа ќе се издаваат со нови референтни цени – на 170 лекови им се намалува доплатата, а на 110 од нив им се намалува и партиципацијата, а 21 лек што се користат во 15 нови терапии првпат ќе бидат достапни без доплата. Тоа се препарати за кардиоваскуларни, ревматски и за заболувања на тироидната жлезда, аналгетици, антибиотици, како и за дигестивни нарушувања. Директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева-Змејкова, вчера нагласи дека ова е четврта ревизија на цените, што ќе значи годишна заштеда на Фондот од 88 милиони...

Continue reading

Добра понуда за празникот Св Трифун

Post Views: 5   Двата празника Св. Трифун и Св. Валентин се одлична можност да ги изразите вашите чувства и љубовни изјави. Имајќи го во предвид верувањето дека со овој ден се буди природата и љубовта, празнувањето на овој ден го олеснуваат дел од охридските хотелско – угостителски капацитети, со своите понуди. Маријан Трпески менаџер за продажа во „Сити Палас“ вели дека нивниот хотел ги спуштил цените на дел од услугите кои ги нуди овој хотелски капацитет. „Имаме ресторанска понуда во која е вклучена салата јадење, десерт и вино Тиквеш. Додека во делот со спа центарот имаме понуда...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top