Post Views: 0
Ракометниот клуб „Охрид 2013“ потпиша договори со 4 ракометари кои ќе играат во сениорскат лига и 8 стипендии со јуниори. Во новата ракометна сезона Ракоментиот клуб Охрид 2013 ќе биде засилен со играчите Александар Стојаноски, Бобан Блажески и двајцата интернационални играчи Јосип Кедиќ и Марко Коветиќ. Се очекува да продолжи успешната ракометна сезона за клубот, кажа Љупчо Танески кој од пред два дена е новиот претседател на УО и претседател на клубот.
„Она што е новина по долгогодишна работа на тренерот е со пионерите и младинските категории за прв пат...
Post Views: 1
Не е малку не е многу да ја видиме судбината на МЈП „Проаква“. Истече и последниот рок за доставување на понуди за концесионирање со МЈП, 16 ти јануар. Во текот на меѓународниот конкурс кој траеше околу 5 месеци имало огромна заинтересираност на фирми., Три од нив подигнале тендерски документации, а до последниот рок за пријавување, понуда доставила само фирмата од Шпанија „Аквалија“, Мадрид. Претседателот на тендерската комисија Владо Чингоски вели дека комисијата веќе одржала состанок, на кој присуствувале и претставници од фирмата од Мадрид. Додава дека понудата на...
Post Views: 2
Охридската локална самоуправа ќе учествува на меѓународниот туристички саем во Белград. Градот ќе привлекува туристи од Србија кои се и традиционално најбројните гости на охридската ривиера. Презентацијата на нашиот туристички потенцијал ќе биде со организирање на „Охридска вечер“ во белградски ресторан Венеција. Три дена ќе се презентира национална македонска гастрономија, пијалоци и традиционална музика. Градот ќе се претстави и со нови туристички понуди, информира Ѓоко Апостолов од Тлер.
„Охрид динамично се развива во однос на туристичката понуда. Не се само...
Post Views: 14
Ј.П. „Охридски Kомуналец” доделува по 50 садници сезонски цветен расад на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.
Садниците се од сопствено производство, а целта на акцијата е да се даде поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови. Со своето уредено цветно катче тие треба да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина.
Истите можат да се подигнат од расадникот на Ј.П. „Охридски Kомуналец”.
Post Views: 5
Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од 1 ( една ) година.
Истото...
Post Views: 1
Коста Шахов од Охрид е една подзаборавена, но многу значајна личност од македонската национална историја. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството во втората половина на деветнаесеттиот век и првите две децении на дваесеттиот век.
Коста Шахов е првитот претседател на Младата македонска книжовна дружина, член на т.н „Македонски комитет“ од 1895 година, на чело со Трајко Китанчев, претходно член е на „Братскиоот сојуз“ и член на Македонското студентско друштво во Софија од 1890 година....
Post Views: 6
Од УЈП со апел, граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.
Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.
Граѓанинот...
Post Views: 8
Од Охрид секојдневно заминуваат млади лица кои се во потрага по подобри услови за живот. Според едно истражување кое го направи Младинскиот совет од Охрид дел од младите заминале во Скопје каде и планираат да останат и да формираат семејства, а добар дел заминале во странство и тоа во Германија, Австрија, Америка и Австралија.
Поголемиот дел се заминати таму во потрага по работа, заминуваат и поради тоа што во странство многу лесно можат да го решат стамбеното прашање, а и заради тоа што лесно наоѓаатвработување по струка, Димче Каневче, Младински совет -Охрид.
И истражувањето...
Post Views: 2
Во исчекување на референдумот кој е закажан за 5 јули, грчката влада одлучи да ги затвори банките и да воведе строга контрола на капиталот за да се обиде да го стабилизира пазарот, но ограничувањата не се однесуваат на туристите и странците.
Неизвесноста е поголема во поголемите градови, а посебна неизвесност владее во туристичките места каде ги очекува туристичката сезона. Она што може да се истакне, кога станува збор за туристите, е дека мерките за контрола на капиталот не се однесуваат за нив, а плаќањето со кредитни картички се одвива нормално.
Владата на Грција...
Post Views: 2
Охрид го доби првиот лиценциран медијатор. Од 2006 год. во именикот на Комората на медијатори на РМ биле регистрирани околу 170 медијатори, од кои 5 биле од Охрид. Со донесување на нов Закон за медијација во 2013г., се воведе обврската сите медијатори да се лиценцираат. Постапката за лиценцирање започна од февруар 2016г. и до сега на Листата на медијатори на интернет страната на Министерствово на правда има податоци за 13 лиценцирани медијатори, од кои само еден во Охрид. М-р Гордана Атанасова, првиот лиценциран медијатор во градов кажува дека медијацијата е алтернативна,...
Post Views: 6
Загадувањето на воздухот во скопскиот, тетовскиот, кичевскиот и битолскиот регион предизвика зголемување на тегобите кај хронично болните лица кои имаат пулмолошки или кардиоваскуларни проблеми.Како што потенцираат од скопската итна медицинска помош, деновиве, кога е актуелно загадувањето на воздухот, медицинските екипи регистрираат и од 90 до 110 јавувања во текот на едно деноноќие.
– Олкав број јавувања е вообичаено за овој период од годината, бидејќи декември е карактеристичен за овие проблеми. Не очекуваме во наредните денови да има драстично зголемување на...
Post Views: 0
Наскоро ќе почне изградбата на современиот градски пазар на површина од 1233 метри квадратни. Ова за ТВМ Телевизија го изјави Радован Трајкоски сопственикот на градежната фирма АД „Илинден“. Трајкоски напоменува дека веднаш штом ЈП „Градски пазар“ ги одстрани тезгите тие ќе стартуваат со градежните зафати.
Над 3 милиони евра е проценетата вредност на административно -деловната зграда, која вклучува изградба на затворен зелен пазар. Во подземниот дел на објектот ќе има паркинг и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат. Рокот на изградба на објектот е ...