Мал број на професионални бармени во Охрид

Post Views: 3 Денес е меѓународен ден на бармените. Професија која е многу важна за еден угостителски објект да работи успешно и да има свој уникатен имиџ. Во охридските кафулиња има многу мал број бармени кои си ја знаат својата работа. Драган Тоскоски речиси две години работи во Лаунџ барот Објектив и е еден од оние луѓе кои професионално  ги подготвуваат коктелите кои ги бараат гостите. Кажува дека многу си ја сака работата, но дека кај нас тешко е да се усовршуваш. Треба доста време за да се стигне до звање бармен, но и праксата е многу важна. Се снаоѓаме. Тешко е бидејќи кај...

Continue reading

Кривична за двајца велгоштани за кражба на дрва

Post Views: 7 Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велгошти – П.Ш. и И.Б., двајцата на возраст од 25 години. Лицата се товарат за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“. Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој нелегално набавил џип, поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило. Во текот на минатата година, пријавените лица во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и...

Continue reading

struga

Михајло Ноневски сам и се предаде на полицијата

Post Views: 1 Еден од учесниците во оружената престрелка кај струшкото Пливалиште, Михајло Нонески, синоќа ѝ се предаде на струшката полиција. Нонески, кој во инцидентот се здоби со прострелна рана, пред неколку дена избега од струшката општа болница каде беше примен на болничко лекување. Го искористил моментот кога се вршела смена на полициските службеници и побегнал преку прозорец. – Откако дознал дека полицијата му е во трага и оти е само прашање на време кога со судски налог ќе биде уапсен, сам се предаде во полициската станица во Струга, изјави портпаролот на СВР Охрид,...

Continue reading

Охриѓанки за 8 ми Март ќе уживаат надвор од нашата земја

Post Views: 1   Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“ „Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди, наш директен...

Continue reading

Португалскиот пијанист Васко Дантас на „Охридско лето“

Post Views: 10 Португалскиот пијанист Васко Дантас вечерва ќе ја збогати музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ со концерт што ќе го одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Дантас e роден во Порто во 1992 година и студиите со највисоки оценки ги завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон каде студира пијано со Дмитри Алексееев и Нил Имелман и диригирање со Петер Tарк и Наталиjа Луис Баса. Пост-дипломските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија во класата на Хериберт Кох каде запишува и докторски студии. Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија...

Continue reading

„Импровокација 2“

Post Views: 0 Утре, сабота 25-ти февруари, на репертоарот на Народен Театар Охрид, љубителите на добрата смеа ќе имаат можност да уживаат во втората сезона од претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“. Ова е втора “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира...

Continue reading

Притвор за осомничениот за убиството на охридската пензионерка

Post Views: 3 Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје. На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа...

Continue reading

Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?

Post Views: 0 Интензивно се работи на дислокацијата на градскиот пазар. По се изгледа набрзо ќе се фрла лопата за изградба на новиот затворен пазар. Иако нешто повеќе од 3годни паркинг просторот беше една од локациите која се најавуваше за привремено организирање градски пазар додека се гради новиот, деновиве се добива впечаток дека просторот не е соодветно подготвен за таа намена. Директорот на ЈП “Градски пазар“, Тони Коталески и денес јавноста ја остави покуса за одговори на неколку прашања поврзани со дислокацијата на пазарот поради започнувањето на изградбата на современиот зелен...

Continue reading

Се урна воен транспортен авион среде град

Post Views: 1 Индонезиски воен транспортен авион се урна на хотел и куќи во градот Медан на северот од Суматра при што загинале најмалку 37 лица. “Спрема последните податоци околу 30 лица загинаа…Таа бројка би можела да расте”, изјавил за Reuters Хисар Турнип, портпарол на индонезиската агенција за трагање и спасување. Во авионот биле 12 членови на екипажот, а биле на пат од базата во Медан кон оддалечените острови Натун. Авионот се урнал неколку минути по полетувањето, и тоа на две куќи, автомобил, а потоа прелетал над дрвата во паркот за да кулминира со огромен пожар. Во тек...

Continue reading

Колку си ја познаваме историјата

Post Views: 0 На денешен ден е роден големиот револуционер, Христо Узунов. Оваа информација која е пласирана во јавност е неприфатлива за поголемиот број историчари. Тие велат дека единствен автор кој 22 февруари 1878год. го смета за роденден на Христо Узунов е првиот библиограф на Узунов, а тоа е Анастас Митрев кој 1953год. ја објавил монографијата за овој наш револуционер. Сите подоцнежни податоци кои ги имаме, белешки и објавени научни дела за роденден на Христо Узунов го одбележуваат датумот 22 октомври 1878год. Тој датум не се зема паушално туку се заснова врз голем број податоци,...

Continue reading

telohraniteli

Четиринаесет државни функционери имаат постојано физичко обезбедување

Post Views: 20 Четиринаесет државни функционери имаат постојано физичко обезбедување, информираат во МВР, пишува Дневник. – Ги обезбедуваме тројцата претседатели – на државата, на Владата и на Собранието, двајцата вицепремиери, министрите за внатрешни, одбрана, правда и за финансии. Ги обезбедуваме сите личности од Уредбата – вели Дневник Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста. Освен нив, МВР постојано ги обезбедува и министерот за надворешни работи, јавниот обвинител и претседателот на Уставниот суд. Обезбедување, според соодветниот закон,...

Continue reading

Фатен осомничениот за убиството во Охрид

Post Views: 3   Во Куманово е уапсен осомничениот за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска, настан кој понеделникот го потресе Охрид. Осомничениот, кој потекнува од Куманово, живеел во иста станбена зграда со жртвата на ул „Галичица“ и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, тој заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата се вели во соопштението од јавноста на Основното јавно обвинителство. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан. Во текот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top