Post Views: 1
Плоштадот Крушевска Република во Охрид и годинава беше место каде се одржува Велигденскиот саем. Дваесеттина излагачи на празнично украсените штандови понудија велигденски украси, ракотворби, накит, традиционални охридски специјалитети. Велигденскиот саем е добра можност за промоција на нашите изработки, велат излагачите.
„Изработувам од разни материјали, техниката се вика декубаж. Позната во светот, рачна изработка, главниот материјал е салфетки кои може на секоја површина да се изработува, дрвена, метална, стаклена, итн
Свои штандови имаа и ОУ од градов. Учениците...
Post Views: 0
Ротаракт клубот од Охрид, во соработка со ученичката заедница при О.У “христо Узунов” од Охрид, изработи декоративни и креативни Велигденски јајца, украси и цртежи, кои денес заедно со неколку ученици им беа подарени на болните и изнемоштени лица во одделението за Геријатрија при Општата Болница во Охрид.
По делењето на јајцата и декоративните подароци, присутните ученици под раководство на учителката, Гордана Велјаноска, изведоа и Велигденски рецитал, со што измамија насмевки и воодушевувања, и ги згреаја срцата на овие стари луѓе, кои празникот ќе го поминат...
Post Views: 4
Веќе од порано Booking Now апликацијата е достапна за iOS на Apple и компатибилните уреди, вклучувајќи го и паметниот часовник Apple Watch, па затоа компанијата се одлучи и за пазарот кој го држи Google и неговиот Android. Иако имаат звучно име, компанијата која стои зад Booking.com сервисот е свесна дека не е водечка во сегментот на туристички планирања и резервации, но апликацијата за Android секако би требала да им донесе раст на бројот на корисници. Дали е правиот момент за продукција на апликацијата во екот на туристичката сезона е тешко да се каже, но ако во...
Post Views: 3
Во рамките на училишните спортски лиги за основни и средни училишта ,сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид се организира третото коло од лигата футсал во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во која зедоа учество ученивите од VI и VII одделение во машка конкуренција .
Во третото коло од лигата во фурсал се постигнаа следните резултати :
ОУ„Братство Единство “- ОУ „Св.Наум Охридски “ 2:3ОУ„Св.Климент Охридски “-ОУ„Христо Узунов“ 0:2ОУ„Григор Прличев “-ОУ„Ванчо Николески “-Лескоец 3:1ОУ„Живко...
Post Views: 62
Единицата Алфа доби нов статус во рамките на СВР-Скопје и сега и официјално е Единица за прв одговор и интервенција – ЕПОИ.
Покрај тоа, вчера на официјална церемонија на сто дваесет и осумте припадници на единицата им беа врачени нови решенија согласно систематизацијата во МВР.
Според министерот Гордана Јанкулоска, оваа единица потполно ги оправдала очекувања и довербата. Постигнатите резултати се причината поради која има нов статус во рамките на скопската полиција, но и своевидно признание.
– Одлуката за формализирање на Алфа-единицата во новата систематизација...
Post Views: 3
Експертите од Комисијата на УНЕСКО, во рамки на нивната работна посета на Охрид, остварија средба и со првиот човек на градот Никола Бакрачески. Средбата градоначалникот ја оцени како мошне конструкривна, бидејќи на истата биле разгледани сите аспекти внесени во агендата кои што произлегуваат од планираните проекти.
„Секако дека ги разгледавме сите пооделни точки од нивната агенда го кажвме нашето мислење во поглед на импактот кој што можат овие проекти да го имаат на заштитата на човековата околина и секако заштитата и конзервацијата на културното наследство, укажавме...
Post Views: 5
Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште,...
Post Views: 2
Триесет и шестата седница на советот на општина Струга само што почна, заглави на втората точка. Кварталниот извештај за реализација на буџетот на општината за 2011 година доби најмногу коментари и забелешки од советниците. Пред оваа точка беше изгласана само предлог-програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Струга. Последниот квартал од минатата година, најсериозни забелешки доби во делот за јавното осветлување и одржувањето на локалните патишта и улици. „Кажавте за улици и патишта дека се комплет...
Post Views: 1
Мониторинг мисијата на Унеско денес беше во посета на Плаошник и на Антички театар. Претходно претставниците од седиштето на Унеско се сретна со директорката на Завод и Музеј. Ања Сидоренко од претставништвото на Унеско кажа дека никогаш не станало збор за тоа Охрид да биде избришан од листата на Унеско на заштитено природно и културно светско наследство. Сидоренко за денешната посета во регионот истакна дека е техничка со која ги проверуваат состојбите на објектите врз кои се врши конзервација, а се дел од културното наследство на сите компоненти. Остваривме средба...
Post Views: 0
Сите официјални извори укажуваат на тоа дека Селин Дион има проблеми со мускулите, а ниту еден дека тоа е последица на вакцината против ковид-19, како што се тврди во објавата.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека пејачката Селин Дион, наводно била парализирана по примањето на вакцина против ковид 19.
Дион мораше да го откаже својот концерт во Лас Вегас, зашто не се чувствува добро. Има проблем да настапува на сцена, поради медицински причини, споменати на нејзиниот вебсајт, односно мускулни грчеви (спазми). Но, во меѓувреме, на социјалните мрежи се прошири...
Post Views: 0
Велигденско расположение во О.У. „Христо Узунов“.
Денес во ОУ Христо Узунов се одржа Традиционалниот Велигденски Панагур со творби изработени од вредните раце на уцениците од уцилиштето.
Беа изработени творби од јајца, кошницки и се она што е поврзано со славењето на големиот Христијански празник Велигден.
Панагурот е организиран во заедничка соработка со уцилиштето и Советот на Родители при училиштето.
Post Views: 0
Општина Охрид ги започна подготвителните активности за изградба и уредување на пешачко – рекреативна патека која ќе се протега од ресторанот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско Рекреативен Центар. Деновиве екипи на ЈП „ Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот.
Патеката е предвидено да има аморфна форма со променлива ширина со цел да се поставува урбана опрема без да се попречи линијата на движење на корисниците. Патеката со своите содржини ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите....