Post Views: 1
Охридските основци не заостануваат зад трендовите на нивните врсници во користењето на копјутерската технологија. Активно ги користат социјалните мрежи и компјутерските игри.
Учениците од ОУ Григор Прличев, денес, го посетија Инсиде интeрнет кафето кое како дел од активностите за прослава на 18-тиот роденден, издаде брошура за заштита на младите на интернет „Сурфај безбедно“. Користењето на дигиталната технологија кај децата е нивно секојдневие за едукација, дружење и забава. При тоа учениците поминуваат од 30 минути до 1 час дневно на компјутер. Децата растат и живеат...
Post Views: 12
Во хотелот „Гарден“, се приготви Шопска салата која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Комисијата од Гинисовата книга на рекорди потврди дека се подготвени 202,86 килограми Шопска салата. Оваа количина е доволна за Гинисовиот рекорд, одлучи Комисијата која внимателно го следеше целиот процес на подготовка. Од хотелот инфомираат дека сека се запзени сите стандарди. Сертификатот за Гинисовиот рекорд им беше врачен на општина Охрид и хотел Гарден. Идејата за организирање на овој настан е на Ина Жарова, лиценциран диструбутер на македонски производи во Русија.
„Ние ја...
Post Views: 0
На 17 јули ќе помине една година од падот на авионот на Malaysia Airlines со 298 патници над источна Украина. Истрагата за несреќата во која немаше преживеани сеуште не е завршена, но CNN пишува дека извештајот на холандските безбедносни служби укажува дека авионот е срушен со проектил BUK и дека го испукале проруските бунтовници.
Но, извештајот исто така со прст вперува и во Malaysia Airlines бидејќи кобниот лет МН17 од Амстердам за Куала Лумпур одел преку воена зона и покрај предупредувањата на можни опасности, за што постојат пишани записи. Другите авиокомпании воглавно...
Post Views: 1
Започна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“. Овој филм е авторско дело на нашиот сограѓанин Илија Пиперкоски, кој се јавува и како режисер и сценарист. Планирано е филмот да се снима од 19 април до 15 мај, појаснува продуцентот Огнен Антов, кој веќе ги открива и првите детали за филмот. Главните актери се Селаетин Билал, дедото во филмот и Дејан Лилиќ, внукот.
„Куриозитет е што за прв пат имаме охридски автор, тоа никогаш не се случило во историјата на македонската кинематографија и во поновата македонска историја за прв пат иаме филм кој што комплетно се работи...
Post Views: 10
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски одржаа конференција за медиумите на којашто информира за Проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2014 година“.
“Проектот започна да се имплементира од 2010 година и заклучно со 2013 година услугите од овој проект го искористија над 22.000 корисници на пензија” рече Спасов
Интересот за овој проект е значителен и од година во година...
Post Views: 1
Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а г. Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.
Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор...
Post Views: 1
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17-23 април, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.
– Апелираме и ги повикуваме нашите...
Post Views: 2
Нетрпеливост, тензии и инциденти помеѓу припадниците етничките заедници се дел од секојдневието. Било да се на национална, верска или политичка основа, овие појави ги зафаќаат сите старосни структури на населението и се реален проблем на нашето општество. Една од алатките за справување со овие појави е и Комисијата за односи меѓу заедниците, која иако има советодавна улога, сепак не постои само про-форма. Делува на терен активно. Ова тело е формирано од страна на Советот на Општина Струга, со претставници од сите етнички заедници и може и тоа колку да придонесе во намалувањето...
Post Views: 3
Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата Шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска , сопственик на хотел Гарден, вели пред неколку месеци заедно со Ина Жарова, лиценцираниот диструбутер на македонски производи во Русија добиле идеја, да се промовираат македонските јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот...
Post Views: 4
Со решение на градоначалникот Зоран Ногачески за нов Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност “Дебрца” именуван е Димче Андрески, дипломиран економист и магистер по архелогија.
На средбата со новиот директор разговаравме за состојбите во ЈКП при што ја истакнав мојата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие. Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на уште повисоко ниво, соодветно на потребите на граѓаните на...
Post Views: 1
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. април 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“,(Едноцрквие).
На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Post Views: 0
Поради поставување на втор асфалтен слој улицата „Абас Емин“, утре (19.08 2021 година) ќе биде затворена за сообраќај на потегот од пресекот со улица „Охридска Бригада“ до пресекот со улица “Железничка“.
Градежните активности ќе започнат во 5 часот наутро, затоа општина Охрид упатува апел до жителите во овој дел од градот да ги отстранат своите возила од коловозните ленти и тротоарите од вечерва со цел истите да не бидат оштетени.