Post Views: 0
Младинските работни акции беа најромантичниот дел од Југословенската историја. Љубовта, носталгијата, дружбата и стекнатите хумани навики од тие средби, до ден денес оставија неизбришливи траги кај акцијашите, поточно од времето каде што хуманоста, солидарноста и волонтеризмот беа нивен основен водич на патот кон успехот во животот. Денес во големата општинска сала во Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија на кој присуствуваа 30 делегати од 4 градови Охрид, Скопје Куманово и Штип.
„Волонтерството и акцијаштвото се многу сродни...
Post Views: 3
Денеска се одржа комеморација во чест на примариус д-р Ковачески. Во присуство на најблиските членови од семејството, колегите, пријателите беа искажани прекрасни зборови, убави спомени од секојдневието за Ковачески како човек и професионалец во својата дејност.
Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко изрази сочувство до семејството и роднините. Примариус д-р Стојан Ковачески почина на 80-годишна возраст. Роден 1941 година во Струга, Дипломира на Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар специјалист, основач и директор на Заводот...
Post Views: 4
Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа еден од најголемите настани во земјава, натпреварот по физика. Младите физичари од цела земја беа дел од 41 натпревар, поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци. Тие во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи. Претседателот на Друштвото на физичари на РМ доц. Д-р Боце Митрески вели дека со изучување на физиката, со мал напор може да се постигне голем успех, додавајќи дека за жал во нашата земја има малку физичари, но за среќа сите се вработени и секогаш има дефицит на овие кадри.
„Активностите на Државниот..или...
Post Views: 0
Постојано се следи функционирањето на депонијата „Буково“ каде што деновиве повторно беа регистрирани неколку помали пожари. Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кое има надлежност за управување со депонијата постојано врши контрола на тековното одржување на истата, велат од општина Охрид. Додаваат дека пожарите се предизвикани од високите температури и несовесното однесување на поединци.
Веќе се поднесени соодветни пријави до надлежните безбедносни служби, во врска со последните пожари, со цел да се вршат почести контроли на локацијата за депонирање и потегот...
Post Views: 2
Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“. Пристапниот пат до некогашниот паркинг, а сега времено решение за градски пазар, од ден на ден прераснува во сериозен сообраќаен проблем. Пешаците и возилата едвај се снаоѓаат да се разминат, а вистински хаос се случува кога влегува камион до градилиштето каде што се отпочнати градежните работи на новиот затворен градски пазар. Состојбата дополнително се комплицира од узурпираната површина од пластични столпчиња кои го стеснуваат и онака тесниот пат. Бројни се забелешките и на дуќанџиите, на овој потег. Тие во брифинг за телевизија...
Post Views: 28
Креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ нема граници. Тие од пластични шишиња и рециклиран материјал изработиле прекрасни кукли во народни носии.
Проектот „Креативна работилница“ години наназад се спроведува во ова училиште, но идеата за ваквите изработки е на две колешки кои сакале да покажат каква е примената на куклите во образовниот систем.
Бидејќи тоа е едно мое хоби со кое во слободно време со задоволство се занимавам, дојдов на идеа како можеме да направиме и со ученициве нешто интересно што не се прави во секое училиште , а го нема и во државава....
Post Views: 0
Агенцијата за кредитни рејтинзи, Standard&Poor’s објави дека го намалила кредитниот рејтинг на џинот во сегментот онлајн тргување eBay, на ВВВ+, откако од својот систем ја одвои платформата за интернет плаќање PayPal.“Намалениот рејтинг е само огледало на нашата ревизија на eBay, како резултат на издвојувањето на PayPal, кој отстварува приближно половина од вкупните приходи на eBay”, објави S&P во образложението за одлуката за намалување на рејтингот.И други водечки светски агенции за рејтинзи Moody’s и Fitch исто така го намалија рејтингот на eBay за два степени,...
Post Views: 0
Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост. Овој проект на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот, Концепт плус од Скопје, има за цел поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост, вели Синиша Пеќевски. Тој додаде дека целна група се сите граѓани над 18 години кои сакаат да дознаат нешто повеќе за граѓанскиот активизам и за медиумите.
„Овој предизвик кога видовме дека се случува во Македонија и за тоа е изработен овој проект со цел да ги едуцираме луѓето повеќе за медиумите што е тоа вест,...
Post Views: 8
Осум компании од текстилната индустрија од Македонија во среда на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги во Копенхаген, Данска.
Во четврток, македонските фирми ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген кој е најголем саем од овој вид во Северна Европа, и се одржува помеѓу 3-ти јануари и 2-ри февруари, 2014. Саемот е на површина од 40,000м2 на кој безброј брендови ги изложуваат своите производи под еден кров.
Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд,...
Post Views: 2
Денес во големата сала на општина Охрид се одржаа две јавни анкети и презентации за Детални урбанистички планови. Првата анкета и презентација се однесуваше за една градежна парцела на ул „Марко Нестороски“. Изготвувачот на плановите Вера Снегар појаснува што се е предвидено во тој план за тој опфат.
„Се работи за станбена куќа домување, една градежна парцела. Денес беше јавната презентација, на неа не дојдоа заинтересирани граѓани, имаше претставници на јавни институции и помина без некои забелешки“
И втората презентација на Детален Урбанистички план се одесува на станбено...
Post Views: 0
Награди за најдобрите, на денот на медицинските сестри. Утре на нашите најхумани медицински сестри и акушерки од Охрид, во Струмица ќе им бидат врачени награди. Претседателот на здружението на медицински сестри Јулија Трпковска, нагласувајќи ја улогата на медицинската сестра во рамки на здравството, рече, да се направи избор и да се одберат најдобрите медицински сестри е тешка работа, бидејќи секоја една од нив е посветена на својата работа.
„За да бидеш медицинска сестра треба пред се да ја сакаш таа струка, бидејќи здравствената струка подразбира нега на пациентот...
Post Views: 7
Морбидна слика на струшката депонија. Употребени шприцеви со крв, хируршки ракавици, гази, системи со игли од инфузии завршуваат на депонијата на ЈП „Комунално“ Струга, која е оддалечена нецел километар од градот, позади автобуската станица на превозникот „Вакчаре“.
„Депонијата наликува на Трст-Вија-Скопје. Тука може буквално да се сретрне се, но најлошо и најопасно е што тука е расфрлан и медицинскиот отпад“.
Глетката е уште пострашна и позагрижувачка бидејќи тука живеат неколку семејства со малолетни деца, кои секој ден претураат по ѓубрето барајќи пластична амбалажа....