evangelos venizelos

Венизелос доаѓа во Македонија

Post Views: 2 Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос од следниот понеделник ќе замине во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, јави дописникот на МИА од Атина. Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ нагласувајќи дека Венизелос во улога на претседавач со Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе ги посети Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, „додека со посебен интерес се очекува неговата посета“ на Македонија. – Ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи, и...

Continue reading

Давеник во Охридското езеро

Post Views: 7 Безживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Continue reading

Започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити во Охрид

Post Views: 5 Од неоадмна започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити на целата територија на Општина Охрид. Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид. Уништени сообраќајни знаци, информативни табли, спортски реквизити, се слика која најмалку му е потребна на нашиов град во веќе започнатата туристичка сезона. Продолжува уништувањето на јавните добра низ нашиов град, а општината се труди во...

Continue reading

vmro-dpmne

Перо Петкоски претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга

Post Views: 1 ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга и официјално има претседател. Новото освежување е Перо Петкоски, активен партиски член, досега без ниту еден белег, како што кажа советничката Лилјана Затуроска. Како што ТВМ веќе информира претседателското место на ВМРО – ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај партиските членови и за оваа позиција се пријавија педесетина кандидати. Петкоски е еден од петмината фаворити, Стефан Томаноси, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски и Марко Стрезоски, кои што нашиот медиум неодамна ги објави. Петкоски подготвен за претседателската фотеља и во краткиот телефонски...

Continue reading

Охридската капетанија ветува безбеден сообраќај во езерските води

Post Views: 1 Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Покрај вообичаените мерки кои се превземаат пред почетокот на летото набавен е и полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. На терен постојано ќе има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото. Ние имаме еден нов метод на работа, а тоа е проактивното работење што подразбира постојано присуство на инспекторите во водите на Охридското Езеро и честа посета на останатите природни и вештачки езера. Проактивното работење...

Continue reading

Прв случај на омикрон во Грција

Post Views: 2 Грк што дошол од Јужна Африка е првиот потврден случај на сојот омикрон во Грција, соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, првиот случај во земјата е на островот Крит. Покрај растечкиот број на заразени лица во повеќето региони на ЕУ и можната опасност од новиот сој на коронавирусот, границите во рамки на Унијата треба да останат отворени за патници кои се вакцинирани, тестирани или свежо прележани. За тоа во Брисел се залага претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, заедно со еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. „зелениот корона сертификат...

Continue reading

Митровски: Секој алпинист го живее својот сон

Post Views: 1 Од помодарство до пасионирани вљубеници во природата. Најчесто така се раѓа љубовта кај секој планинар кон освојување на високите врвови и љубовта кон самиот спорт, раскажува Ивица Митровски. Природата на секој му дава знаење и почит, само тоа треба да биде взаемно, додава Митровски. Алпинизот и планинарењето како спорт и како рекреација значат многу напор, вложување, енергија. За многумина искачувањето на највисоките планински врвови е доживување од авантуристичките филмови, но за оние кои сериозно и активно се занимаваат со овој спорт, значат живот, ентузијазам и мотив...

Continue reading

Канцеларија „Една точка за услуги“ отворена и во Охрид

Post Views: 19 Повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции подостапни до граѓаните. Тоа е целта на Министерството за информатичко општество и администрација преку проектот „Една точка за услуги“. Денеска ваква канцеларија официјално започна да функционира и во Охрид. Без чекање на шалтери граѓаните ќе седат на иста маса со вработените во институциите и на едно место ќе можат да добијат информации или документи од различни министерства или државни институции. Денеска во Охрид покажуваме дека може со добра волја, со добра соработка помеѓу институциите на централно ниво...

Continue reading

при крај се градежните работи во болницата „Св Еразмо“

Post Views: 9 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид веќе една година и пол се реновира и адаптира. Во моментов во завршна фаза се градежните активности, се носи опрема, а веќе во функција е ставен и дијагностичкиот центар, открива првиот човек на оваа установа д-р Митко Тилевски. „Овде профункционира компјутерскиот томограф, трислајсниот Сименсов, кој ни го обезбеди Министерството за здравство, исто така го имаме и новиот дигитален рентген апарат Минолта имаме и други апарати кои се веќе во функција, а пред се кои се во интерес за подобрување на дијагностиката...

Continue reading

Во градов има недостиг од контејнери

Post Views: 6 Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од нив. Ние...

Continue reading

Апликација која овозможува да се избрише испратен e-mail во секој момент

Post Views: 1 Сигурно ви се случило во брзање да пратите e-mail кој очајнички сакате да го повлечете или избришете. Иако Gmail овозможи враќање на пратен e-mail во рок од неколку секунди (undo send опцијата), новата Chrome екстензија носи уште подобра можност. Имено, екстензијата под името Dmail овозможува за корисниците на Google Chrome пребарувачот да контролираат колку долго лицето на кој му е пратен e-mail истиот може да го задржи и да го прочита. Кога e-mail-от ќе го пратите по пат на Dmail екстензијата, лицето кое праќа ќе може да го намести времето кога истиот ќе се избрише,...

Continue reading

Донација во Специјалната болница „Св Еразмо“

Post Views: 5 Донација вредна 470.000 денари во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Станува збор за сонда која се употребува за поголемиот дел на медицински прегледи кои се вршат во болницата вели директорот Митко Тилевски. Тоа е во интерес и на пациентите бидејќи со неа ќе може полесно да се дијагностицираат болестите и нивните здравствени проблеми за кои доаѓаат кај нас. „Ни донираа линеарна сонда, мулти функционална со променлив фокус која што ни беше потребна за ехото што го добивме за да вршиме иследувања кај мускулно скелетен систем, дојки,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top