Канцеларија „Една точка за услуги“ отворена и во Охрид

Денеска во Охрид започна да функционира канцеларија „Една точка за услуги“. Граѓаните на едно место без чекање на шалтери ќе можат да добијат информации или документи од различни министерства или државни институции. Проектот е на Министерството за информатичко општество и администрација.

 |   | 

Повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции подостапни до граѓаните. Тоа е целта на Министерството за информатичко општество и администрација преку проектот „Една точка за услуги“. Денеска ваква канцеларија официјално започна да функционира и во Охрид.

Без чекање на шалтери граѓаните ќе седат на иста маса со вработените во институциите и на едно место ќе можат да добијат информации или документи од различни министерства или државни институции. Денеска во Охрид покажуваме дека може со добра волја, со добра соработка помеѓу институциите на централно ниво и локалната власт да има добри конкретни проекти, посочи ресорниот министер Јетон Шаќири.  

За нас како министерство овој период е многу важен во процесот на дигитализација . Многу процеси веќе се започнати со Законот за формирање на дигиталната агенција како централна институција која ќе ги координира сите овие дигитални услуги но исто така со понатамошна соработка со другите општини и со Македонски пошти ќе имаме простор во целата држава за брзо да го развиеме концептот на Една точка за услуги. Овај концепт е важен за граѓаните да не чекаат по институции кога им е потребен одреден документ – изјави министерот Шаќири.

Центарот за услуги е сместен во стариот влез на зградата на општина Охрид. Тука граѓаните ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, за 62 услуги центарот ќе воспостави дигитални комуникации со другите институции, а 800 услуги ќе бидат сервисни информации.

Ова е проект кој отпочна пред година и половина и еве денеска се финализира и од денеска започнува со работа оваа канцеларија. Ги повикувам граѓаните да почнат да ги користат услугите на канцеларијата кадешто можат да извадат преку 60 документи и се надевам дека во иднина со формирање на Агенцијата за дигитализација и фузирањето на општинските услуги и дигитализацијата на општините во иднина ќе ги зголемуваме бројот на услуги кои граѓаните ќе може да ги добиваат на овие точки за услуги – изјави градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Покрај во Охрид, вакви канцеларии „Една точка за услуги“ веќе функционираат во Скопје, Куманово, Тетово и Битола.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top