Post Views: 3
Додека градот е полн со странски туристи, домашните туристи заминуваат, поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири, исткануваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Нивните проценки велат дека бројот на домашни туристи е значително опаднат, дека повеќе од 80% резервации се откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенцијални проблеми, владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните, обвинува претсетдателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид,...
Post Views: 5
Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави добиле повратни...
Post Views: 0
Ѕвезди со опашки кои обично се појавуваат на небото во август ќе имаат свој огномет, а кулминација се очекува во четврток навечер кога стотици секој час ќе прелетуваат над темното небо кој ветува незаборавен призор.“Оваа година претставата ќе биде спектакуларна”, рекол за AFP Morgan Hollis, астроном во британското кралско астрономско здружение.Овој незаборевен призор кој ќе може да се види од сите делови на нашата планета е благодарение на Перзеидите, делови од кометата Swift-Tuttle која секоја година ја сече земјината патека од средината на јули до средината на август.Оваа...
Post Views: 11
Контролите за управувачите на пловни објекти ќе продолжат и оваа сезона. Инспекторите од Капетанија ќе им прават алкотестови и проверка на управувачите на пловните објекти дали ги почитуваат законските одредби, информира капетанот Горан Устијаноски. Контролите кои лани за прв пат беа спроведени откриле бројни прекршувања на законот, меѓу кои и алкохолизирани кајчари со над дозволената количина на алкохол во крвта од 0,5 промили.
„На терен најдовме меѓу другите и такви. Апелирам да се однесуваат совесно. Овој вид на пловидба во 90 проценти е рекреација каде што се возат...
Post Views: 15
Социјалната правда е состојба во која поголемиот дел од луѓето во едно општество или сите негови членови имаат исти основни права, можности обврски и социјални бенефиции.
Како клучна вредност на социјалната работа , таа изискува застапување на клиентот во борбата против дискриминацијата, репресијата и институционалните нееднаквости
„Јазот помеѓу најсиромашните и најбогатите е огромен и се повеќе се зголемува. Ние мораме да направиме што е можно повеќе, на индивдуалецот да му обезбедиме пристојна работа, да го заштитиме преку програма на соодветна социјална заштита,...
Post Views: 4
Топлотниот бран кој деновиве го зафати охридскиот регион ги зголеми и интервенциите на медицинските тимови на интерното одделение при охридската општа болница. Колабирања, влошена здравствена состојба на хронично болни, се само дел од состојбите на кои се интервенира, вели началникот на интерно одделение д-р Виолета Милошеска.
„Со високите температури и кај нас е зголемен бројот на прегледи, интервенции. Препораки се да не излегуваат на топлото време, да пијат доволно течности, да носат полесна и бела облека и доколку имаат проблем веднаш да се јават во Итната медицинска...
Post Views: 0
Крајно време е на Охридската ривиера комплетно да бидат воспоставени безбедни услови на капалиштата. Сите концесионери треба да ги почитуваат законските одредби од правилникот кој е донесен од страна на Капетанија на пристаништата на Македонија и Министерството за транспорт и врски, укажува претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков. Засега, според Точков, на охридското крајбрежје небезбедни се 30% од капалиштата, додека пак во соседна Струга и Преспанскиот регион дури над 50% од капалиштата се небезбедни.
„Имаме доста неодговорни концесионери, пробавме да...
Post Views: 1
Со задоцнување од еден час од закажаното време отпочна 39 тата седница на струшкиот Совет. Пардон за доцнењето немаше од страна на претседателот на Советот, но затоа пак, седницата почна со извинувања и забелешки на дел од советниците, во врска фамозниот ДУП за крајбрежниот појас. Мацески пред се од морален аспект, побара предлог одлука за поништување на предлог одлуката за НП на локалното крајбрежје. Крајна цел на ваквото барање би било да се изготви друг план кој ќе биде во интерес на граѓаните, додаде тој.
„Сакам да кажам дека ние како советничка група кои што гласавме...
Post Views: 1
Во ликовната галерија во Куќата на Робевци изложени нови дела на сликарот Стефан Хаџи Николов. Станува збор за негова 7 самостојна изложба во Охрид, во градот, за кој ќе рече, по Скопје,во кој најмногу изложувал во Македонија. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во неговиот специфичен ликовен, уметнички сензанбилитет.
„Посетителите ќе видат дела создадени во последнитe две години. Делата се со нефигуративна тематика – пејзажи на душата. Тоа се дела каде влијанието на природата го пренесувам кон моето творештво. Сликите претходно беа изложени во...
Post Views: 4
Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.
„После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило. Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме возило, од...
Post Views: 8
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Заинтересираните подетални информации ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира...
Post Views: 4
„Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби.
„Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6 години“.
Претставата...