Post Views: 0
Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението за мозочни удари во соработка со Црвен крст Охрид организираа првентиван акција за мерење на шеќер во крвта , притисок и ЕКГ. Зоре Димоска претседател на здружението на лица со дијабет Тип 1 посочува дека акцијата е планирана во нивниот годишна прогарма за работа и има цел едукација на населенито за заболувањето како што е шеќерната болест.
„Ситуацијата е алармантна во светот не само кај нас. До 2025 година се смета дека секој втор би бил дијабетичар. Се прави превентива , а оваа акција е во таа насока да се сврти поголемо...
Post Views: 1
Денес Давид го облече дресот со автограм на неговиот идол, популарниот фудбалер од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Два дена охриѓанецот Давид Ѓурчиноски е дел од отворениот тренинг на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на Арената Филип Втори каде вечерва овие два тима ќе си ги одмерат силите.
„Ни на сон не можев да поверувам дека еден ден ќе се фотографирам со мојот идол Кристијано Роналдо“, вели скромниот Давид кој активно тренира фудбал во Охрид.
Денес кога неговиот сон стана реалност, тој на социјалната мрежа фејзбук сподели низа фотографии и со останатите фудбалери...
Post Views: 0
Арапската авио-компанија Emirates од следната година ќе може да се пофали со најдолг комерцијален лет. Emirates од февруари 2016 започнува со летање од Дубаи до Панама Сити, а летот ќе има времетраење од 17 часа и 35 минути. За овој маратонски лет ќе се користи Боинг 777-200LR, авион со можност за најдолг долет на светот. Предвидено е линијата да нуди три класи – прва, бизнис и економска класа.Најдолг лет досега од 17 часа го држи дестинацијата Далас – Сиднеј, а рекордно долга линија некогаш во историјата беше летот од Сингапур до Њујорк од дури 19 часа, но таа линија...
Post Views: 2
Новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев, најавува политика која ќе биде поблиска за дијаспората. Тој истакна дека нашата земја не може без дијаспората и се надева оти еден дел од луѓето во дијаспората ќе се вратат назад во својата татковина. Премиерот Заев смета дека Агенцијата за иселеништво дали постоела или не, не си ја вршела својата функција.
„Агенцијата за иселеништво овие денови ќе добие свои нови раководни структури кои што мора да ја засилат комуникацијата и контактот со дијаспората на многу оперативен начин во интерес на дијаспората. Новината е тоа...
Post Views: 3
Сите правни лица – резиденти на РМ кои остваруваат добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имаат обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесат Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи до УЈП.
Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) немаат обврска да поднесат правните лица кои работат согласно Законот за сметководство на непрофитните организации, односно водат сметководство согласно...
Post Views: 0
Манастирот Св.Петка во близина на Велгошти, охридско, денес беше исполнет со голем број верници. Охриѓани и мештаните масовно го посетуваат ова свето место и го празнуваат овој празник.
„Тие се молат за здравје на своите блиски и упатуваат благослов до сите за мир и благосостојба на луѓето“.
Отец Никола Кипријанов кажува за значењето на овој празник кој секој 8 август и во очи на овој ден е масовно посетен од христијанските верници кои доаѓао манастирот во чест на Велика Параскева, во народот позната како Св.Петка Римјанка. Свештеникот раскажува дека верниците не само...
Post Views: 0
Понеделник е пазарен ден во Охрид, но истовремено и ден кога туристичкиот центар пред гостите испраќа грда слика и сообраќаен хаос од т.н место градски пазар. Тротоарите околу пазарот се претвараат во продажен простор со поставување на импровизирани тезги на земја. Се создава невидена мешаница која наликува на земјите од третиот свет. Коловозот за мотороните возила се претвора во место каде што се создава сообраќаен хаос при несоодветното тргување. Тука врие од продавачи и купувачи, паркирани возила за дотур на стока, пешаци и разни учесници во сообраќајот кој едвај...
Post Views: 0
„Дипломата креира лидери, учи медицина.“ Ова е мотото под кое веќе трета година, се промовира Програмата за доделувањње медицински стипендии за роми. Анита Абазоска е една од заинтересираните средношколки, кои својата професионална иднина ја гледаат во сферата на медицината.
„Медицината ја одбрав, бидејќи од секогаш сум имала желба и знам дека можам да станам едно од тие медицински лица, желбата ми беше огоромна и успеав во тоа и сакам да продолжам, а оваа програма за стипендија ќе ми помогне во тоа и многу сум задоволона ако се случи тоа“ вели Абазоска.
Програмата...
Post Views: 3
Охрид обоен во боите на Барса. Од 21 до 27 август ќе се одржи летен камп на Барселона. Започна брендирањето на СРЦ „Билјанини Извори“ и терените за фудбал во боите на овај светски позанат клуб. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков фудбалски камп кој е привилегија за градот. Сето ова е резултат на ангажманот на Локалната и спортските работници кои изминативе 4 години ги презедоа во делот на развојот на спортот, истакна на денешната прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески.
Изградени се голем број спортски...
Post Views: 3
Во Струга два и пол пати е помал бројот на активни заболени со корона вирусот, во однос на Охрид. Имено, според официјалните податоци на министерството за здравство моментално во Охрид има 250 ковид позитивни пациенти, а во Струга само 97 лица.
Во сите билтени на Институтот за јавно здравје може да се забележи дека во Струга е многу помал бројот на регистрирани новозаболени од корона, речиси два до три пати помал на дневна основа. Во вчерашниот билтен во Охрид има 11 нови случаи, а во Струга се регистрирани четири нови позитивни. Согласно и бројот на заболени во Струга...
Post Views: 4
Деновиве боровата шума и тревата во близина на Канео и вдолж пешачката патека над Лабино се исушени, а по целата должина нема поставено нити еден хидрант. Во моментов во центарот и во стариот дел од градот има околу 70 улични подземни и надземни хидранти. Рекреативната патека иако се градеше плански во зимските и и пролетните месеци остана без хидранти На овој потег се наоѓа лесно запалив простор, борови и нискостеблеста вегетација и други дрва и е пожелно да се постави хидрантска мрежа за побрзо дејствување и гасење на евентуални пожари, заради фрекфенцијата која ја...
Post Views: 0
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос денес ја започнуваат новата фудбалска сезона од Втората македонска фудбалска лига. Прв противник на „рибарите“ ќе им биде екипата на Беса Добридол.
Натпреварот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ од 16:00 часот, а влезот ќе чини 100 денари.
Покрај стандардните билети, од ГФК Охрид Лихнидос информираат дека во продажба ќе пуштат и сезонски билети, кои ќе важат за првенствените и куп натпреварите.
Сезонските билети чинат 1.000 денари. За сите кои ќе купат сезонски билети ќе следува изненадување од клубот во тековната сезона. Информација...