Post Views: 4
Олимписки маратон во Охрид. Станува збор за прв олимписки интернационален пливачки маратон кој во сабота на 12 август ќе се одржи на крајбрежната линија на Кеј Македонија со почеток во 12 часот. Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи на маратонот ќе учествуваат пливачи од 7 земји кои се на топ листата меѓу 20 те најдобри во светот. Вкупно 13 пливачи ќе пливаат во водите на Охридското езеро, од нив 10 се во машка конкуренција, додека три ќе се борат за првата позиција во женска конкуренција вели, Сашо Точко, претседател на организациониот одбор.
„Сонот кој што години наназад...
Post Views: 0
За време на претставувањето на Galaxy Note5, Samsung го претстави и новиот паметен часовник Gear S2, уред кој отскокнува од својот претходник Gear S.Драстичната разлика помеѓу овие уреди се гледа од самиот дизајн, па така Gear S2 е со кружен облик за разлика од претходникот кој имаше квадратен облик. Но, и покрај новиот дизајн Samsung наиде на критики на медиумите дека повторно го копира Apple, па така иконите ќе бидат слични како оние кај Apple Watch со таа разлика што на S2 иконите не се подредени како што е случај кај Apple Watch.BGR отиде дотаму што напиша “конечно...
Post Views: 1
Пешачката патека од мостот према Билјанини извори полека ама сигурно го добива својот лик. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства. Интензивно се работи на нејзиното уредување бидејќи рокот за комплетна реализација на овој проект е 12 месеци. Градежните работи започнаа во октомври минатата година.
Патеката требаше побргу да биде пуштена во употреба, но поради некои технички проблеми работите се пролонгираа. Динамиката сепак е запазена и таа ќе биде пуштена во употреба до крајниот рок. Јас се...
Post Views: 3
Оваа година по четврт пат „Здружението на граѓани ОХО“ организира „Trash Fashion Macedonia 2014“, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјал, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Целта на овој натпревар на креации е на иновативен начин да ги поттикне и анимира малдите да ја развијат свеста за заштита на животната средина и собирајќи го отпадот околу нив да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.
Ова е единствен настан од ваков вид во македонија,...
Post Views: 1
Фирмите чии работници се изложени на високите темперaтури ги почитуваат препораките за работа во жолта и портокалова фаза. Досега Инспекторите за труд во Охрид издале само едно решение за забрана на градежна фирма, а изрекле 12 укажувања со правен указ. Во Струга пак, има 11 решенија за забрана. Поголемиот дел од градежните фирми и текстилните фабрики каде што нема добра климатизација се придржуваат кон препораките нивните работници да не работат од 11 до 17 часот.Фирмите прават попладневни смени за работа, велат од Инспекторатот за труд и досега на адреса на инспекторатот...
Post Views: 1
Нема клуч на врата за ниту еден угостителски објект во Охрид и Струга, покажале вонредните контроли направени од инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тимот на ветеринари и инспектори за храна во контролираните објекти пронашле прекршувања од типот на неажурирани записници според ХАСАП системот, нечитливи декларации на производите, неуреден санитарен преглед на вработените или фрижидери со неисправни термостати. Со вонредни испекциски контроли во туристичките места инспекторите ги контролирале хотелите, детските одморалишта, сендвичарите, слаткарниците,...
Post Views: 1
Во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ годинава во Струга по шести пат ќе се одржи Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“. Директорот на Академијата, Разме Кумбароски, изразувајќи се со поетски стил, потсети на значението на оваа академија, а посебно на овогодинешниот повод, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци.
„На почетокот како да беше зборот, потоа Бог и се разбира словото, а сето тоа го чинам затоа што годинава одбележуваме 150 години од смртта на браќата Миладиновци, 150 години болка и жал или век и половина....
Post Views: 0
Дваесет дена во горниот дел на Подмолје нема вода ниту за лек. Мештаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Полнат шишиња и буриња од градските чешми, дел од нив купуваат, но како што велат таа количина на вода не е доволна да ги задоволат основните потреби на 40 степени целзиусови. Поради ваквата состојба која години наназад се соочуваат жителите од оваа населба, тие денес револтирани излегоа пред камерата на ТВМ, со цел да им укажат на надлежните сериозно да го сфатат проблемот и час поскоро да го решат.
„Водата од изворите кај Св.Еразмо е донесена во Подмолје и Горенци...
Post Views: 4
Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.
Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК.
На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес...
Post Views: 3
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42) двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавените во текот на 2016-та година во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три...
Post Views: 2
Насловот „Во рогот на волот“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Комисијата за доделување на општинската награда Живко Чинго, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Алексоска и поетот Славе Ѓорго Димоски едногласно ја донесле одлуката најдобар расказ да му припадне на „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“.
„Овој расказ се издвојува со извонредна наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи“,...
Post Views: 7
ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен. Натпреварот започнува во 16 часот.
Инаку, Воска Спорт е вистински хит ова лето во македонскиот фудбал. Иако до вчера беше во Трета лига, изминатиот период во контролните натпревари ги победуваше Македонија ЃП, Борец, етаблирани наши прволигаши, а си поигруваше и со клубови од Елитната лига на Албанија.
Јавноста ја потенцираше екипата на Воска Спорт како една од фаворитите за самиот врв на табелата и пласман во Првата фудбалска лига на Македонија.