Жителите на Горна Влашка маала посакуваат посреден урабан простор

Жителите на Горна Влашка маала посакауваат посреден  урабан простор.

 |  Валентина Неловска  | 
влашка маала

Томислав Голејшки Трпев е ново избраниот претседател на урбаната заедница бр 10 Горна Влашка маала. Трпев укажува на приоритетните барања кои ги имаат жителите од една од најстарите градски населби. Во престојниот период наша заедничка потреба е  урбано средување на населбата, додава Трпев. Во план имаат реалзиација на повеќе активности, а на листата на приоритети е  отстранување на центарот за лекување на наркозависниците.
Влашка маала
„ Побаравмe дислокација на наркозависницкиот центар што се наоѓа наспроти Ценатрот за социјални грижи и детската градинка Развигорче. Се надеваме дека наскоро ќе биде дислоциран  од тој потег таму.“

Советот на урбаната заедница  и претседателот побарале  да се уреди мал плоштад, простор во близина на основното училиште Христо Узунов. ЈП „Охридски Комуналец“ веќе ги дислоцирало поставените контејнери, а по празниците очекуваат да почне изградба на фонтана и оформување на катче за одмор на влашкамаалци. Нивно барање  е и афалтирање на сите споредни улички кои излегуваат на улицата Питу Гули. Одамнешна  потреба на жителите е и поплочување на тротоарите на овaа главна улица. Претседателот Трпев напоменува дека се свесни за состојбите во Локалната самоуправа, но оптимистично се надева дека работите со инфратсруктурно уредување на населабата  ќе се реалзираат.
влашка маала
„ Ситуацијата, финасиите се тешки во општината не се во можност да  удоволат на се, но во текот на претстојните 4 години ќе успееме да направиме нешто. Горна Влашка маала е една од најстарите маала во  Охрид со околу 1500 жители и сите мислиме дека ќе се радуваме за доброто на Охрид. Mалку по малку ќе изградиме некоја работа и во Влашка маала.“

Новото раководство на урбаната заедница има намера под монтажниот пешачки мост да се уреди  детско игралиште.  Овој простор би бил соодветен за одмор и рекреација на најмладите жители од населбата. Веруваат дека училиштето и Локалната самоуправа ќе ја прифатат оваа нивна иницијатива.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top