Граѓаните се во паника, а од итната брза помош смируваат дека нема потреба за вознемиреност. Екипите на терен работат со пропишаната заштита, а тимовите работат засилени со лекари кои се повлечени од специјализација.
Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом.
„Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред, ќе се надмине ситуацијата со Ковид 19“, смирува д-р Зејноска.
Тимовите од 15 лекари во ИМП сега се засилени со 4-ца колеги кои се повлечени од специјализација. Има доволен број на покриеност со медицински кадар, вели д-р Зејноска. Во моментов екипите на терен работат со пропишаната заштита, со маски и ракавици за еднократна употреба, има доволни количини на дезинфекциони средства.
„Доколку е потребно некој да се транспортира пациенти заболени од Ковид 19 во тој момент се јавуваме во центарот за јавно здравје и тие ќе не опремат со скфнадери ,каљачи, маски и наоачари со целсона опрема екипите ќе заминат во Скопје или Гостивар или во некоја од болниците во Охрид која ќе се одлучи за третман на лежечки пациенти на заболени од корона вирусот“, информира д-р Зејноска.
Деновиве, ИМП доби медицинска опрема од 3 дигитални апрати за мерење притисок, 2 мобилни екг апарати, термометри, стетоскопи и спирометар од ЛС од проекот Cross for all. Дополнително медицинскиот кадар ќе биде снабден и со заштитни маски и скафандери, напомена д-р Ајсел Зејноска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град