Зебрите низ охридските улици се обележуваат среде сезона.
Охрид туристичката сезона ја започна со избледени пешачки премини, а на повеќе места хоризонталната сигнализација е дури и невидлива. Вообичаено, обновувањето на хоризонталната сигнализација се прави пред сезона и се изведува еднаш во текот на годината, а годинава, бојадисувањето започна во екот на сезоната. Пред 3-4 работни денови започна обновувањето на пешаките премини на улиците Јане Сандански, Булевар Туристичка и на поголемите улици во централното градско подрачје. Процесот на бојадисување се одвива претежно во вечерните часови, напоменува Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности . Тој, како една од причините зошто порано не се почнало со бојадисувањето на хоризонталната сигнализација посочува дека годинава таа постапка била посложена, а со тоа и јавната набавка.
„ Причината за постапката на хоризонталната сигнализација почна во втората половина на јули е обемноста на тендерот и проширување на јавната набавка. Ако се земе предвид дека тендерот беше од помал обем лани, а годинава од одделението за сообраќај одлучија дека треба да се обнови хоризонталната сигналзиација на повеќе улици низ градот. Опфатени се околу 20 -30 посто повеќе улици“, наведува Танески.
Од одделението за сообраќај се амнестираат од одговорност за доцнењето на зафатот. Прашавме дали тоа се должи на нечиј пропуст или затајување на проценката, и не можеше ли истата да биде реализирана пред стартот на летната сезона кога вообичаено се бојадисува хоризонталната сигнализација.
„ Она што ние како одделение за сообраќај го изработуваме е утврдување на динамиката и планот за бележење и достава до одделението за јавни набавки за обемноста и сложеноста на јавната набавка. Од страна на секторот за комунални дејности се беше навреме изработено. Тоа е и дел од годишната програма за работа на секторот. Затајување во делот на секторот за комунални дејности и некакво доцнење нема воопшто“, дециден е Танески.
Секторот за комунални дејности барањето за обновување на хоризонталната сигнализација го поднесол на 5 мај до одделенеито за јавни набавки. Од таму пак барањето веднаш го проследиле, но за запазување на целата законска процедура за спроведување на тендерот биле потребни 57 дена. Така , општината и најповолниот понудувач склучиле договор за изведуање на работите на 7 јули. По извршените подготовки започнала реализацијата, појаснува Танески.
За годинешното бојадисување како најповолен понудувач е избрана струшката „Ала компани“. За годишнешниот зафат согласно потпишаниот договор од тендерската докуменатција општината од буџетот ќе издвои 1.900.000, оо денари, напоменува Танески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град