Заврши успешно 54-то издание на Охридско лето

Заврши успешно 54-то издание на Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
ох лето
ох лето

Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ завршува 54 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Директорката заедно со музичкиот и драмскиот селктор  направија ретроспектива на сите 54 музички и театарски гостувања на врвни уметници, пропратени со низа новитети кои фестивалот го доближуваат до публиката. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкулоска ги наведе бројните проекти во таа конотација како што се нови технолошки содржини,  нови простори и поставување на кровна конструкција на двата најзначајни простори каде што се изведува дел од фестивалската програма на Антички театар и Долни Сарај. Кажа дека ова издание го проследиле над 25.000 посетители и за прв пат специјално на некои од музичките гостувања  доаѓале и странски посетители.  Таа напомена  дека веќе од утре започнуваат со подготовките за следното јубилејно 55 издание на Фестивалот  Охридско лето.
ох лето
„Овој јубилеј нас не обврзува да направиме убави и интересни настани. За следното 55 -то  издание ќе се подготват соодветни содржини , како што се документарен филм, изложба , ќе направиме и една спомен соба со поставки од највредните работи од  изминатите 50 години на фестивалот  со празен  простор да се надополнува во иднина“, рече Јанкулоска .  

Музичкиот селктор Гордана Јосифоска Неделкова и драмскиот селктор Ѓорѓи Јолески се задоволни од реализираната програма која се одвивала според зацртаната програма.

ох лето„Фестивалот Охридско лето од година на година чекори по скалите  на успехот и се зацврстува на мапата на еврпоските фестивали. Врвните светски уметници кои доаѓаат на фестивалот се промотори на Македонија и на Фестивалот. Македонија во уметничкиот свет е препознатлива преку Фестивалот Охридско лето“, рече Неделкова Јосифоска.

Раководството на Фестивалот  Охридско лето ветува дека  следното фестивалско издание ќе биде побогато и поуспешно со нови врвни имиња од светот на музиката и театарот. 

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top