Затворен базен ќе се гради од идната година

Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен.

 |  Валентина Неловска  | 
базен
базен

Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната. Обезбедиле идејно решение кое треба да се вцрта во ДУП и да се добие одобрение за градба.
базен
„ Конкретно за Охрид сме во фаза на чекање да поминат новите законски измени во Законот за градба. Целта е архитектонско -урбанистичките проекти да се прават без идејни решенија. За СРЦ „Билјанини извори“ ќе одземе неколку месеци работа, а треба да се направи архитектонско -урбанистички проект за секој објект посебно. Се надеваме измените да поминат во Собраниска процедура, веќе се во Парламентот на второ читање“.  

На СРЦ„ Билјанини извори“ може да се очекува градењето  на затворениот базен да започне дури од пролетта 2013  година. Тоа значи по донесување на  законските измени и завршување на целата постапка за добивање дозвола за градба.

„ Во меѓувреме е избрана институција  која  го работи архитектонско-урбанистички проект. Ние како Агенција ќе направиме  се да се забрза работата и ако успееме да добиеме извод од ДУП  проектот ќе биде готов во почетокот на декември. Потоа ќе побараме одобрение за градба  врз основа на ДУП. Законскиот рок е 10 дена, па во втората половина од декември ќе распишеме јавна набавка за избор на изведувач“,  ја појаснува постапката Попоски.  

 Директорот на Агенцијата за млади и спорт  наговести  предлог законски измени и за градбите на  спортските терени за спорт и рекреација. И тука за да се забрза постапката  за добивање на одобрение  за градби предложени се измени. Наместо досегашната пракса нив да ги издава Советот  на општината таа надлежност би ја имало  Министерството за транспорт и врски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top