• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб

Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб

 Апел  до сопствениците на такси возилата и другите компании за јавeн превоз да го следат примерот и почитуваат препораките за заштита на јавното  здравје на патниците. Вонредно ќе се дезинфицираат сите здравствени и образовни институции во градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Почна дезинфекција на сите 80 автобуси на автопревозникот Галеб кои возат на меѓународни, републички и локални линии. Почнавме со превенции и претходно со едукација на возачите и вработените како да се заштитат себе си , но и патниците вели Димитар Василески директро на АД Галеб.

„Денес вршиме и дезинфекција и ќе ги опремиме вработените возачите и шалтерските работници со заштитни маски и ракавици. Тоа е максимумот кој што може да го направиме како фирма“, вели Василески.

Центарот за јавно здравје ги следи препораките и обврските во делот на секој кој обавува автобуски , комби и такси превоз. Превозниците се должни на секој 6 месеци д а ги дезинфицираат возилата согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Сашо Точков, директор на Центарот за Јавно здравје.

„Апелирам до сите компании кои вршат јавен превоз да ја завршат законската обврска и постапка посебно во сегашните околности според нови препораки на Министерството за здравство и да го дезинфицираат јавниот превоз со наши средства и апарати и да се контактира Центарот доколку има потреба“.

Од ЦЈ информираат дека во следните 14 дена вонредно ќе бидат дезинфицираат сите обејкти на детската градинка Јасна Ристеска, здравствените и образовни установи во градот и Дебрца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top