За угостителскиот еснаф утрешниот состанок прв тест за активно учество

 За угостителскиот еснаф утрешниот состанок прв тест за активно учество.

 |  Валентина Неловска  | 
еснаф
еснаф

Новиот претседател на здружението на угостители „Охридски еснаф“, Михаил Мишев вели дека во претстојниов период ќе прави напори да создаде што е можно поорганизиран еснаф. Во нивната  програма  е зацртано што поголемо активно учество на сите субјекти од областа на туризмот и угоститеството, за да имаат поорганизиран настап пред институциите.  

аквариусНе е за занемарување уделот на угостителството врз  економскиот развој на градот, нагласува Мишев. Додава дека нивна цел ќе биде и квалитативно  и квантитативно учество на еснафот во градење на таа слика за Охрид.  Претстојни цели ќе бидат добивање на советодавна улога на еснафот во економскиот живот на градот и соработка со институциите, вклучувајќи ја и Локалната самоуправа.

„ Поддршката од Локалната самоуправа би се побарала за прашања кои го тангираат угостителството на ниво на градот. Би било добро со Локалната самоуправа и факултетот за туризам и угостителство да се направи содејство како би излегле во пресрет на потребите колку што  е можно поорганизирано  и попрофесионално.“   

Здружението има  намера да остварува контакти со здруженија од градот и  институции  на системот. Еснафот не сака да се спротиставува на институциите, туку со заедничко содејство да се направи подобар економски развој на градот.
кафулиња„ Очекуваме тесно содејство со факултетот за туризам  и угостителство. Би ни била важна нивната професионална помош во однос на подобрување на квалитетот на угостителските услуги во градот. Таквото содејство би имало позитивни ефекти кога членството на еснафот би било колку што е можно поголемо.“ 
Првиот тест на членството кое ќе го покаже расположението за активно вклучување во работата на еснафот ќе биде утрешниот состанок.  Утре напладне во општинската сала е закажан состанок на угостителите со новото раководство. Сега на потег се околу 200 потенцијални субјекти од областа на угостителството и туризмот. Сите  со своите мислења може да дадат придонес за поуспешно работење, порачува Михаил Мишев, претседателот на здружението „Охридски еснаф“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top