За три дена клуч на врата за времените објекти

За три дена клуч на врата за времените објекти.

 |  Валентина Неловска  | 
vremen objekt
vremen objekt

107 времени објекти во рок  од три дена треба да стават клуч на врата. Сопствениците на објектите се изненадени и крајно револтирани од ваквото решение на локалната самоуправа. Порачуваат дека на улица ќе  останат  над 1000 луѓе кои  егзистираат од  сендвичари, цвеќарници, продавници за текстил и други дејности. Тие велат дека во моментов се жртви на префрлањето на надлежностите со градежното земјиште од 2006 година од државата на општината. Како што велат подготвени се да ги платат давачките ретроактивно за изминатите години.  Досега плаќале данок на имот за земјиштето кое го користеле ,а тие не биле виновни затоа што иако барале , никој не им понудил да  склучат  нови договори за закуп, раскажува Силвана Тодороска , сопственик на времен објект.

trafika„ Ние не сме  измамници и крадци, чекаме да се донесе решение и да ги исполниме обврските како  што ги исплаќавме до 2006. Кажано е дека ќе бидеме известени и ќе добиеме износи по зони по метар квадратен. Ако не ни се исплаќа сами ќе си замнинеме. Сега пред прагот на сезоната , имаме роба не знаеме што да правиме, работиме со загуби. Велат објектите го грдат градот , а некој нека види што остана зад обејтките кои ги тргнаа кај електична, кај синдикални. Дали се свесни што се случува среде сезона. Секој турист се прашува што се случува и какво дивјаштво е ова тука“.

Сопствениците велат живееме во стрес и неизвесност. Повеќето од времените објекти се поставени и работат од 1992 година, многумина од нив реновирале и вложувале во објектите. Иако на почетокот од оваа година ЛС ветувала дека ќе донесе типизирани објекти досега нема ништо од највите се жалат сопствениците на времени овбјекти. Додваат дека се подговтвени да ги прифатат и тие услови. Изнендени се од барањето на ЛС да ги тргнат објектите па повтроно да учествуваат на лицитација.
trafika 
„ Во септември ќе сме можеле да лицитираме и пак да ги поставуваме. Ние бараме до септември да останеме ако ги земат други ќе ги ослободиме ако не ги земат други ќе останеме и се ќе плаќаме“, укажува Милчо Кузманоски, сопственик на објект од времен карактер.

И покрај денешениот протест на сопствениците на времениет објекти пред општинската зграда, од Локалната одлучни да не одстапуваат од намерата, како што велат, да  стават ред и во оваа област, со цел поубав и подобар Охрид. Потенцираат дека на подрачјето на Охрид од 2006 година до денес не е склучен договор помеѓу општината и сопствениците на времените објекти за поставување на истите.За целиот овој период нивните сопственици не уплаќале никакви средства на Локалната самоуправа, бидејќи и немале законски основ да го сторат тоа.  За  сите овие 8 години времените објекти поставени на територијата на Општина Охрид, законски гледано се нелегални објекти и тие мора да бидат отстранети, категорични се од локалната.

„ Дел од оние кои поставиле времени објекти користејќи го безредието кое владееше во општинските служби за време на минатата локална власт, склучувале најразлични апсурдни договори кои се и против законски со некои од Јавните претпријатија за поставување на времени објекти, кои пак во документите се нарекувале на пример, Информативни пунктови за туристи а се отворале сендвичари за брза храна“, информира Ангела Белевска од одделението за односи со јавност при ЛС.

Од локалната велат дека критиките кои преку медиумите ги изнесуваат сопствениците на нелегалните објекти нема да ги поколебаат  во  одлуката да продолжи со ставање ред во поставувањето  на времени објекти во градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top