За сексуалните работници доаѓаат нови денови

За сексуалните работници доаѓаат нови денови .

 |  Валентина Неловска  | 
cador
cador

 

Полека се надминува опшетствената дискриминација кон сексуалните работници.  Во Охрид, веќе четири години на сексуалните работници поддршка во оставрување на нивните права и заштита им дава НВО Опција. Организацијата составена од тим на социјален работник, педагог и правник ги едуцира сексуалните работници како да се заштитат од Хив Сида, од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост. Се едуцираат за да се зајкне нивната заедница, сами да се борат за нивните права, вели Јулијана Настоска, социјален работник од Опција. За оваа проблематика Опција  има соработка со сите владини и невладини инстиуции.

„  Сето тоа е доказ дека свеста кај населението во Охрид е подигнато од времето кога почнавме да зборуваме за сексуалната работа дека постои во Струга и Охрид, едноставно е подигнато ниво. Целта  е не да се дискриминизира и да нема предрасуди и стигми  бидејќи тоа е нивен личен избор.“
ss
Во Охрид и Струга се регистрирани околу 170 сексуални работници. Поголем број од нив се жени, но има и мажи и сите се со различен економски статус. Најчесто се економско и социјално маргинализирани лица, без здравствено и социјално осигурување, без лични документи кои не се во состојба да ги обезбедат. Дискриминација и насилство не се осмелуваат да пријават, но тие проблеми се надминуваат. Македонија сеуште не ја имаа легализирано сексуалната работа, но доколку тоа се случи ќе има поволности за сексуалните работници, напоменува Настоска.   
„ Не можам да генерализирам има позитивни критики и позитивни поддршка од институциите кои се за легализација или декриминалзиација на сексуланата работа ако се реши проблемот ќе се решат многу пшрашања од областа на здравствената заштита, социјалното осигурување, а ќе може да се пријававуваат легално проблемите кои ги имаат кои сега се задскриваат.“  

Западниот свет пак одамна законски го регурилал постоењето на сексуалните работници. Денес низ светот се одбележува 17 декември, Денот против насилството врз сексуалните работници. Овој ден е востановен во 2003 година во Вашингтон,САД, а како симбол е избран црвениот чадор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top