За колекторот да се грижи државата се согласија охридските советници

За колекторот да се грижи државата се согласија охридските советници.

 |  Валентина Неловска  | 

Со одлука на Совет се прифати планот за поделбата на МЈП Проква на 3 претпријатија. Водоводно претпријатие  во Охрид и Струга и претпријатие за одржување на колекторскиот систем. Оваа иницијатива  датира од пред една деценија и  сега добива  можност да стане и реалност. Охридските советници едногласни во ставот меѓуопштинското претпријатие Колектор  да стане државно претпријатие.  На наредната седница се очекува да донесат заклучок со кој претставници од општините ќе побараат од Владата да го земе под своја капа управувањето и одржувањето на колекторскиот систем. 

МЈП  Проаква се соочува со големи загуби,  а како што напоменуваат од опозицијата загубите годишно изнесуваат и милион евра. Советниците од опозицијата претходно најавуваа дека ќе ја поддржат поделбата на Проаква само долку нивните колеги од позиција се согласат колекторот да се стави под државна капа, истакна Јован Стојаноски, координатор на советничката група од опозицијата.

„Државата инвестираше во колекторскиот систем преку општините и таа треба да води грижа. Во спротивно ќе има и понатака несогласувања во работните единици  и во новите 2 претпријатија Водовод Охрид и водовод Струга.Кој ќе ги финсира новите 70 вработени кој ќе му припаднат на новото меѓуопштинско претпријатие за колекторски систем и кој ќе е задолжен за финсирање и функционирање на тоа претптијтие? Колекторскиот систем може да стане голем проблем за овој регион“, прашува Стојансоки од опозицискиот блок на советот.   

Потребата колекторот да се стави под државна грижа  произлегува од очајната состојба во која во моментов се наоѓа колекторскиот систем. Доколку и понатака остане пречистелниот колекторски систем под надлежности на општините тој ќе допропадне, согласни советниците. Со формирање на државно јавно претпријатие  Охридското езеро кое е под заштита  на Унеско ќе има поголема заштита и понатака ќе остане наше национално благо. На тој начин полесен ќе биде и пристапот со финансиските средства од меѓународните фондови.

Советниците се согласија и околу статусот на вработените во МЈП Проаква. Со делбениот биланс се знае кои вработени во кое претпријатие ќе припаднат, а исто така се знае и распределбата на  имотот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top