Вратите на Бреин о Бреин отворени за упис на нови ученици

Вратите на Бреин о Бреин отворени за упис на нови ученици.

 |  Валентина Неловска  | 

Во тек се уписите за програмата Бреин о бреин. Родителите и децата заинтерсирани за оваа програма може да се запознаат  со вештините, техниките и методологијата на оваа програмата. Досега е формирана група за работа, информира инструкторот од  Бреин о Бреин програмата Валентина Кузманоска.

„Најголем е интересот кај децата од 5 и 6 години. Од месец февруари може да почнеме со работа и со  нови групи. Во тек на овие некoлку дена додека траат уписите очекуваме бројот  на децата да се зголеми“  кажува Кузманоска.   

Во моментов има 110 ученици групирани во 15 групи, а  со нив работат 3-ца овластени инструктори. Центарот Бреин О бреин во нашиот град работи од 2010 година и во изминатите години со вештини и знаења се стекнале голем број деца.

„Досега  16 ученици од Центарот ја имаат комплетирано програмата со 10 нивоа. Како круна на зедничката соработка изработено е и табло за завршени три генрации на деца од програмата Бреин О бреин,“ напоменува Кузманоска.
 
Посетителите на Центарот Бреин о бреин во месец март ги очекува 5-тиот државен натпревар во Скопје, во конкуренција на 18 центри од земјава. Во пролетните месеци псоетителите од 7 и 9 ниво ќе патуваат на меѓународен натпревар.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top