Врачени годишните стипендии на охридските студенти, средношколци и основци

Врачени годишните стипендии на охридските студенти,  средношколци и основци.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид додели  годишни стипендии за стотина охридски ученици. Од општинскиот буџет се издвоија финансиски средства за 42  средношколци,  50 за основците и 8 за студенти. Стипендиите ги врачи градоначалникот Никола Бакрачески. За прв пат стипендија добива  средношколката  Теодора Николоска , ученичка  во 2 година во гимназијата  Св. Климент Охридски.

„За мене има големо значење не само како парична награда туку и како награда од општината и градоначланикот за целиот мој труд кој го има влженово училишетотои надвор, но најмногу за активностите во училиштето“, рече Николоска.
Годишните стипендии се мотивација за успешните ученци коипостиганле резултати во учењето. Годинава стипендиите се во  поголем број и со поголема висина  за 20 проценти во споредба со стипендиите со минатата година. Доделувањето на годишните стипендии е задоволство со кое се мотивираат  сите ученици за да напредуваат во учењето и да доприносуваат во развој на својот град, кажа на доделувањето  градоначалникот Бакрачески пред учениците и родителите.

„Знам дека овие средства не се доволни за да го поткрепат вашиот талент, капацитет,  знаење и амбиции, но се мотив за се она што сте  го постигнале и што имате намера да го постигнете. Знам  дека чинот на доделување  на стипендиите  во вашиот систем на стекнати знаења ве одделува од останатите, истовремено  тие средства ќе ги искористите на најдобар начин за да го поттикнете знаењето и образованието  и да  ги потикнеме тие околу вас да го следат вашиот пример“, истакна Бакрачески.  

Оваа година општина Охрид издвои околу 1. 400 000 денари средства за финансиска поддршка на охридските ученици и студенти. За основците и средношколците се обезбедени 1.200.000 денари и 144.000 денари за студентите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top