Вработувања лекари без партиско влијание

ЈЗУ „Општа болница“ Охрид ќе го освежува медицинскиот персонал со вработување на четворица лекари по општа пракса.

 |  Валентина Неловска  | 
болница
болница

 ЈЗУ „Општа болница“ Охрид ќе го освежува медицинскиот персонал со вработување на четворица лекари по општа пракса. На почетокот од оваа година Владата дала согласност за вработување на 5 лица, а во моментов тече оглас за 4 лекари. Наскоро, ќе се распише објава за прием на уште еден лекар по општа пракса, информира директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов. Првиот човек на болницата кажува дека во нивната здравстѕвена установа има етапно освежување на медицинскиот кадар како резултат на анализата за развој на ова установа направена пред 5 години. Лани беа примени 3-ца лекари по општа пракса, сега ќе бидат уште 5 мина од реална потреба на 15 лекари, додава Арнаудов. Директорот е оптимист дека до крајот на годинава ќе се реализираат и преостанатите 8 вработувања. За престојниот избор на 4-цата лекари по ошта пракса Арнаудов вели дека ќе се избираат строго квалитетни лекари без партиско влијание.bube

 „ Изборот ќе биде по нови законски регулативи од општите одредби и три нови рангирања. Кандидатите ќе се рангираат според просекот постигнат при студирањето, тестирање на знаењето и познавање на странски јазик,“ нагласува д-р Арнаудов.

 Во Општа болница се чувствува недостиг и од лекари специјалсти. Во последниве 5 години од болницата си заминале повеќе лекари специјалсти по разни основи, а најмногу од лекарите заминале во пензија. Во болницата скоро на секое одделение недостасуваат по двајца специјалисти, а во моментов најсериозен проблем има со кадар на радиолошката служба, укажува д-р Арнаудов.

На радиологија има двајца лекари, еден е ангажиран на компјутерскиот томограф, а другиот на дијагностичките методи. Еден колега е пред пензија па наскоро ќе се соочиме само со еден специјалист радиолог. Тука е најважно 2 лекари итно да се пуштат на специјалистички подготовки за да се избегне колапсот со кадар и да се искористи апартурата максимално“ истакнува директорот на болницата.

Со развојниот план на болницата се предвидува таа да прерасне во регионална медицинска установа. За да дава здравствени услуги на пациентите се набавени дијагностички апарати, па преостанува дел по дел решавање и на проблемот со специјалистичкиот кадар. Д-р Арнаудов како најактуелни ги посочува покрај другите , и очното одделение, центарот за испитување на тироидната жлезда, како и потребата од специјалисти кои ќе произлезат со реорганизацијата на одделението на невропсихијатрија во психијтриски и невролошки дел.

{loadposition contnet9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top