Водичи реагираат нема доволно промотивен материјал

Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.

 |  Валентина Неловска  | 
plasonik
plaosnik

Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.  Посочуваат дека  туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите  локалитети не е така.

И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.
plaosnik
Во нивна близина нема ни информативни табли со основните податоци за локалитетите.  Туристичките водичи укажуваат на потребата од такви табли бидејќи е вообичаенa пракса во светот.  Тие реагираат градот нема доволно промотивен материјал. Има појава каде што гостите им се жалат на појави на продажба на туристички материјал кој треба да биде бесплатен, вели туристичкиот водич Стефан Каневче.
 „Има поготово на мапите, за флаерите не се пишува се  знае дека се бесплатни, но на туристичката  мапа пишува free, а се наплаќа“.

Од одделението за Локален економски и туристички развој велат дека располагаат со доволен тираж на туристички информативен материјал. Материјалот го има и се дели бесплатно во информативно туристичките  бироа, додека за туристичките менаџери има процедура на распределба  на материјалот. Тие претходно  поднесуваат барања за потоа веднаш да го добијат бараниот материјал. Од Тлер нагласуваат дека промотивниот материјал е бесплатен и секој обид за нивна продажба е казнив. Нагласуваат дека се прават подготовки за следната година.
Од буџетот на општината за печатење на туристички промотивен материјал за следната година се одобрени 2 милиони денари. Во тек е постапка за избор на најдобрата понуда за изработка на промотивниот  материјал за Охрид веќе за следната  година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top