Вода се излева на просторт околу Билјанини извори

 Вода се излева на просторт околу Билјанини извори.

 |  Валентина Неловска  | 
izvori

На просторот околу Билјнини извори повеќе од три месеци се излева вода. Вир од вода се излева и дел од просторот станува  калив, а водата се излева покрај патот кон каналот. На прв поглед посетителите помислуваат дека станува збор за  некоја пукната водоводна цевка за која никој не се погрижил да ја поправи. Но, од  Локалната самоуправа уверуваат дека не станува збор за никаков дефект туку за природна појава.

„Деновиве точно е има излевање на вода. Таа е изворска  вода  и тој простор има поголема или помали ракави подземни извори кои не се зафатени со каптажата која ја направи порано ЈП Водовод. Сега овие денови има чиста изворска вода која се излева од подземните ракави“, информира Џамтоски.

Џамтоски смета дека во моментов не може да се преземе ништо за да се спречи излевањето на водата. Со подобрување на временските услови очекуваат  водата  да се повлече.   

„ Претпоставуваме дека со затоплување на времето подзмените води ќе ја изгубат издашноста и ќе исчезнат  со зголемување на температурата“, потенцира Џамтоски.
izvor
За одржување на дефектите на водовдната инсталација, канализација и атмосферските води во локалитетот  Билјанини извори се надлежни јавните претпријатија, MJP Проква, JP Нискоградба, а за јавнат а чистота  JP Охирдски Комуналец, посочува Џамтоски.  Во програмските активности, пак  на Локалната самоуправа  уредување на  Билјанини извори за оваа година не е планиранo,информира Џамтоски. Останува и оваа летна сезона посетителите да доѓаат и да ги посетуваат изворите каде што нема барем инфо табла која ќе го означува познатиот локалитет.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top