• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во време на пандемија сите биеме своја битка, вели психологот Калина Сотироска Иваноска

Во време на пандемија сите биеме своја битка, вели психологот Калина Сотироска Иваноска

Мора во овој тежок период да се насочиме кон позитивните работи и да го одржиме менталното здравје. При соочување со големите предизвици во моментов, но и во периодот кој  доаѓаа Сотироска Иваноска  препорачува барање  помош од психолог или психијатар.

 |  Валентина Неловска  | 

Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена, но и на внимателниот избор на вести кои доаѓаат од социјалните мрежи и интернетот.

„Важно е да издвои мал дел, да се верува и консумира еден извор на кој му веруваме од мноштвото информации до кои доаѓаме на интернет. Тие предизивикуваат анксиозност, а што добивме од сето тоа, секако нема корист и ќе се чувствуваме вознемирено, беспомошно и безнадежно“.

Сите биеме своја битка и за секој неговата планина е најтешка , вели психолот Калина Сотироска Иваноска. Возрасните лица и децата се затворени дома и ограничени во активностите , за матурантите има грижа како ќе им тече понатака животот, а сите ние сме загрижени и за егзистенцијата. Многу работи донесоа до страв, грижи и паника па се поставува прашање како да се надмине сето тоа, вели психологот. Тоа во вакво време е голем предзивик.

„Промените кои што ги доживеавме и кои допрва ќе ги доживуваме директно ќе влијаат на нашата психа. Никој не имун на ова што се случува. Потребата да се консултираат психолози и психијатри не треба да е табу тема и треба да се обратиме и да ги искористиме нивните услуги.“

Многу е важно да се живее сегашноста и да се одржи трепението, оптимистичкиот дух и смиреноста. Треба да се насочиме кон секојдневните активности, редовните оброци и зачувување на имунитетот, движење, грижа кон партнерот, децата и внуците, соседите за да се зачува менталното здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top