Средните и основните училишта досега изведуваа индивидуално прилагодена интернет настава. Сега по препораките на МОН училиштата ќе ги применуваат упатствата за изведување на наставните содржини и за електронско тестирање на знањето на учениците. Националната платформа за далечинско учење, онлајн предавањата, како и пристапот до компјутери и интернет на децата од социјално ранливите категории и руралните средини за време на изолација се дел од прашањата за кои побаравме став од директори на неколку училишта.
Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието.
„Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата и препораките од наставницте. Посебно наставниците по информатика кои ќе дадат предлози како најблиску до реалното да се изведе електронското тестирање и отценување“, вели Ивана Маховска Шикалоска, директор на ОУ Григор Прличев.
Весна Цветкоска, директор на охридската гимназија, вели дека сите препораки и упатсва од МОН ќе ги бидат доставени до професорите. Се што ќе биде предложено ќе биде применето и во наставаните програми и во отценувањето на учениците.
„Тоа е и најтешкиот дел ќе се очекуваат препораките и ќе се најде решение за да се изведе полесно. Наставните програми ќе се прилагодуваат“, вели Цветкоска.
Професорите од ЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ исто така изведуваат теоретска настава во вонредни услови, но во прекин е практичната обука, информира директорот Сашо Недески. Поголемиот дел од учениците имаат интернет пристап од дома.
„Оние кои немаат таква можност допрва ќе провериме колкав е бројот ако има проблем ќе се најде друг начин за реализација на наставните планови и програми,“ вели Недески.
Наставниот кадар и во општинското основно училиште Дебрца се прилагодува и изведува настава за оние ученици кои во оваа рурална општина имаат интернет пристап. Но, се соочуваат со проблем бидејќи дел од учениците, посебно од Горна Дебрца во своите домови немаат интернет и компјутери за да можат online да следат настава. Наставниците изнаоѓаат начин за да не ги запостават тие ученици. Секојдневно преку телефонски јавувања ги известуваат за наставните содржини кои треба да ги реализираат во текот на денот, информира Билјана Славеска, дирекотр на ОУ Дебрца.
Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) донесе одлука наставата за студентите да се изведува преку алатките Google Classroom и Google Hangouts Meet. Студентите ќе добиваат покана за присуство на секој предмет одделно, од страна на предметните наставници. Ако некој студент не добие покана за настава, да го контактира соодветниот професор на e-mail. За поголемиот број на предмети наставата по електронски пат и досега се одвива континуирано, информираат од охридскиот Факултет за туризам и угостителство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град