Во тек е проект математика 3 бесплатна он лајн настава за трето одделение

 На  фејсбук страната на  ПИСИ  може да се приклучат трето одделенците од целиот свет кои зборуваат Македонски јазик. Во организирањето на наставата   ПИСИ  има поддршка од сите македонски и охридски  Лајонс клубови и  Македонскиот Лајонс  ДС дистрикт 132. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во ПИСИ образовниот центар од Охрид се одржуваат бесплатни он лине часови за математика за третоодделенци. Како центар со долга традиција и успех, професионалци во својата област меѓу која е и он лине наставата, Писи одржува настава за трето одделенците од цела Македонија, но и за сите ученици кои разбираат Македонски јазик од целиот свет, информира проф. Ангел Јанев сопственик на ПИСИ образовниот центар. Наставата се одржува веќе еден месец според наставниот план и програма за основно образование дадена од МОН , во деновите понеделник и среда од 20 и 15 до 20 и 45 мин. Наставата е еднонасочна преку фејсбук профил на возрасен. Учениците може да го гледаат предавачот, да гледаат табла, се гледа најмногу мониторот и се следат предавањата и може да поставуваат прашања во коментари во присуство на родител, појснува проф. Јанев за текот на бесплатните предавањa.

„Наставата оди директно на фејсбук профилот на лајф стрим сите кои се заинтресирани за тоа. Услов да ја следат наставата е да бидат пријатели на фејсбук страната на ПИСИ образование. Добиваат порака дека наставата почнува. Замислено е пред компјутер д седнат детето од трето одделние заедно со неговиот родител. Тоа е многу важно заради повеќе фактори. Одиме на лајф стрим да се задржи дигнитетот, но и родителите да знаат кој држи и како држи настава“.

Во проектот математика 3.мк, бесплатната он лине настава за трето одделение, покрај организаторот ПИСИ едукативниот центар, носители на проектот се сите Македонски и 4-те охридски Лајонс клубови меѓу кои женскиот Деница, Охрид, Десарет и Лихнидос и Македонскиот ЛС дистрикт 132. Сите тие преку овој проект се индиректно вклучени во насока да го популизираат он лине предавањето и да им помогнат на многу семејства кои не можат да си дозволат сами да ги подучуваат децата. Ова е еден начин да им се овозможи дополнување на образованието. Намерата не е да се замени јавното образование туку да му се помогнеме на домашното образование. ПИСИ е отворен за соработка и со професори од други говорни подрачја кои може паралелно да се вклучат во предавањата, напоменува проф. Јанев.

Преку лајонистите ние понудивме можност до колку има некој професор иако не е лајонист, наставник, кој сака да изврши предавање на јазик што не македонски слободно нека се јави“.

Од Писи образовниот центар очекуваат околу 11. 000 деца од македонското говорно подрачје барем еднаш да гледаат по едно предавање на фејсбук страната Писи образование, а половина од нив да гледаат повеќе часови. Предвидени се 72 часа во траење од по 30 минути. Од ПИСИ едукативниот центар засега се задоволни од почетокот на предавањата и вежбите. Предвидено е проектот математика 3.мк да трае до крајот на месец мај 2021 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top