Во СРЦ Билјанини извори приходите се зголемени за 100 посто

За една година СРЦ Билјанини извори во касата на претпријатието инкасирало над 32 милиони денари. Приходите  се зголемени за 100 посто по сите основи. Во изминатава година  подобрени се условите во спортската сала и на терените. За прв пат е направен дел од крак за филтерската станица на отворениот базен.

 |  Валентина Неловска  | 

СРЦ Билјанини извори успеа да го подобри финансиското салдо на претрпијатието во изминатава година. Со подобрување на инфраструктурата на салата и спортските терени , со домаќинско работење успеавме да ги намалиме трошоците, а да ги зголемиме приходите, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори.

„ Ваквиот начин на работа вроди со плод. Приходите по сите основи се зголемени за повеќе од 100%. Од 1 ноември 2017 до 1 ноември 2018 ЈП има приход по сите основи од 32.008. 718,00 денари. Во овој период исплатена е и едната плата која јавното претпријатие им ја должеше на вработените во висина од 1. 640.000, 00 денари. Вратени се стари долгови во износ од 7.540.652,00 кои се неплатени фактури на разни доверители и добавувачи“, информираше Јованоска за финансиското работење на претпријатието.

ЈП со сопствени средства и спонзорства инвестирале во инфраструктурата на салата и спортските терени, а и во системот за наплата на градските паркинзи. Со спонзорства на градскиот стадион се реновирани три соблекувални, а трибините се подновени со 1700 нови столчиња. Поставена е нова пумпна станица за наводнување на стадионите, а е оспособен и системот за наводнување на фудбалските терени со вештачка трева. Покрај овие зафати на терените е поставена ограда и се покриени трибините. Подобрено е осветлувањето во салата и на тениските игралишта. Со околу 500.000 илјади денари сопствени средства е реконструиран паркетот после 4 децении, а за прв пат е вложено и на отворениет базени.

„ Направен е дел од кракот исток кој досега не функционираше во филтерската станица во отворениот базен и поправка на компензационен базен во што беа вложени 170. 000,00 ден сопствени средства. Извршен е ископ за подземни води инвестиција во висина од 65.000,00 ден. Овој ископ ќе се користи за наводнување на околината на базенот како и за полнење на истиот, со тоа ќе се намали потрошувачката на вода од градскиот водовод, а со тоа и трошоците по овој основ кој изнесуваат повеќе од 2. 000. 000,00 денари во летната сезона, напоеман Јованоска .

ПОкрај овиепроекти од спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ напоменуваат дека се подобруваат условите за спортување на нашите екипи, но и на екипите кои доаѓаат на подготовки во нашиот град. На таков начин го развиваме и спортскиот туризам и минатава година покажавме дека сме на добар пат со голем број спортски манифестации на екипи од Европа и светот .

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top