Во споредниот канал Студенчишта плива отпад

Споредниот канал кој тече околу СРЦ „Билјанини извори“ и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад.

 |  Валентина Неловска  | 
канал
канал

Споредниот канал кој тече околу спортско рекреативниот центар Билјанини извори и се влева во каналот Студенчишта е прекриен со цврст отпад. Пластични шишиња, лименки и окрек пливаат во водата и оставаат грда слика за нашата еколошка совест. Надлежните институции на локално и државно ниво, кој треба да се грижат за хигиената на јавните површини, продолжуваат со добро познатата реторика за своите ингеренции. Танас Танаксоки, главниот општински инспектор се оградува од надлежностите за чистење. канал

Од општинскиот инспекторат велат дека споредниот канал е под надлежност на државата. Државниот инспектор за животна средина треба да издаде налог за негово расчистување.

И, државниот инспектор за животна средина, Игор Трајкоски се оградува од одговорност дека тој е надлежен за пишување налог. Трајкоски се повикува на член 40 и 41 од Законот за управување со отпад. Во одредбата стои дека Градоначалникот на општината е должен да ја одржува јавната чистота и да постапуваат со напуштениот отпад на јавните и сообраќајниповршини во урбаните средини и во неурбанизираниот простор на своето подрачје. Начинот и условите за остварување на обврските ги пропишува советот наопштината на предлог на градоначалникот.

Додека надлежните се договорат кој е надлежен за чистење на отпадот, останува страмот за нашиот однос кон екологијата. Посетителите од Студенчишта и СРЦ Билјанини извори, си заминуваат со впечатоци од виденото. Туристите и граѓаните во крајна линија не ги интересира кој е надлежен да напише налог за да се исчисти цврстиот отпад од каналот. Во интерес на сите нас е што поскоро да се сретнат и да договорат кој ќе го исчисти споредниот канал во Студенчишта.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top